Имате главоболка? Понекогаш може да биде тешко да се идентификува поради што се јавува болката, посебно ако нема очигледна причина (како што е, на пример, прекумернното консумирање алкохол претходната вечер). Користете го следниот мал водич за да дознаете која е главната причина за главоболката и за кој тип се работи.

Тензична главоболка

Лековите кои одат без рецепт (како што е бруфенот) можат да помогнат кај овој тип на главоболка. Но, за да го одбегнете нејзиното појавување, реба да се позанимавате со нивните ,,поттикнувачи,, како што се стресот, напнатоста на лицето и вратните мускули, лошото држење и чртање со забите. Испробајте ја техниката која го намалува стресот, како што е медитацијата, биофидбекот и когнитивно-бихевиоралната терапија. Ако овој тип на главоболка се јавува петнаесет или повеќе пати во месецот, тогаш се смета за хронично заболување: во таквите случаи најдобро е да побарате помош од доктор.

Мигрена

Додека два до три бруфени можат да им помогнат на неки луѓе, сепак ако мигрената ви се јавува петнаесет и повеќе пати месечно, мора да се обратите на доктор. Исто така, од суштинско значење е да ги одбегнувате ,,предизвикувачите,, на мигрената, како што се стресот, прескокнувањето на оброците, промена на спиењето, хемикалии и конзерванси во храната и пијалоците и кофеинот (премногу или помалку од она на кое сте навикнати). Јогата и медитацијата можат да помогнат како превентивни мерки. Лековите кои можат да бидат од помош во случаите на мигрена се бета – блокаторите, лекови против напади, антидепресиви и, кај хронични мигрени, инјекции за ботокс.

Кластер главоболка

Кластер главоболката обично не се поврзуваат со некои поттикнувачи тие можат да бидат поврзани со некои нарушувања во хипоталамусот. Кога ќе се појават, со терапијата со кислород (вдишување висок проток на кислород преку маска) и инјекции против болки можат да ја сопрат агонијата. За одбрана од идните напади, докторите можат да користат блокатори и кортикостероди.

ПМС главоболка

Дали имате главоболки пред или за време на месечниот циклус? Не сте единствени. Еден од најголемите предизвикувачи на овие главоболки е хормонската промена, а најчесто тоа е падот на естрогенот. Еден вид на помош се контрацептивнит пилули. Земајте ги редовно. Ако не дојде до пад на хормонот, нема да дојде ни до главоболка. Ако не земате вакви пилули, тогаш разгледајте ја опцијата за помали дози естроген (фластер, гел или таблети). Тие содржат помали количини хормони во однос на контрацептивните пилули, што е доволно за да се ублажи наглиот пад на естрогенот.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина