Семето од сусам е едно од најкористените додатоци во исхраната, а маслото добиено од него е многу квалитетно, па затоа често се користи како замена за маслиновото масло. Ова растение се одликува со бројни лековити својства. Семето содржи околу 50 – 60% масло, олигоелементи бакар и калциум, во помали дози манган, железо, витамини Б 1 и Е, како и растителни смоли и горчливи материи, кои му ја даваат препознатливата арома на овој зачин. Сусамот содржи и две посебни видови растителни влакна – сесамин и семолин, кои докажано го намалуваат нивото на холестерол во крвта. Богат е и со фитостероли – супстанции кои имаат сличен хемиски состав како холестеролот. Со тоа ова растение е иделно за неговото исчезнување.

Познато е антикоагулативното својство на ова благотворно семе, бидејќи придонесува за спречување на згрутчувањето на крвта, што е посебно значајно за превенција од создавањето крвна грутка – тромб. Оние кои се во ризичната група, на кои им се заканува настанување на тромб, треба да користат сусамово масло во секојдневната исхрана.

Маслото од семе од сусам се покажало дека има одлични лаксативни својства, па се употребува во случаи на долготраен запек и нередовни столици, за елиминирање на паразитите од цревата и за ,,чистење,, на цревата. Ова масло исто така се употребува и за лекување на хемороиди (проследени со крварења и болки) како и за санирање повреди и промени на кожата, како што се брадавици, чиреви, акни и изгореници. Препаратите на база на сусам ефикасно делуваат кај болестите на респираторните органи – бронхитис, астма, воспаление на белите дробови и хронична кашлица. Во случај на силна мигрена и упорни главоболки со вртоглавица, се препорачува држење топли облози од масло од сусам.

Сусамот има репутација на силен афродизијак. Во државите каде се одгледува, врз база на овој зачин се подготвуваат напитоци за потенција. За нега на косата, пак, за спречување на настанување перут и против опаѓање на косата се користи инфузија од семките на сусамот, со која се измива косата по миењето, а за оваа цел се корист и листовите и коренот од ова растение.

  • Против мигрена

Две лажици масло од сусам се мешаат со 10 капки етерично масло од бор и еукалиптус. Смесата добро се загрева и притоа се меша за да се растворат состојките. Со ова масло се натопува една крпа и се става на главата. Се мирува 30 минути.

  • Против запек

Се меша 1 лажичка прав од смелени семки од тиква со 3 лажици млако масло од сусам. Се меша додека не се соединат убаво состојките. Веднаш треба да се консумира на гладно, максимално два пати дневно, бидејќи препаратот има голем лаксативен ефект.

  • Јакнење на потенцијата

Се меша семе од сусам и мак во иста количина, потоа им се додава помала количина семе од коприва, лук и морков, и една лажица шеќер. Сите состојки се мелат и се мешаат убаво. Една лажичка од оваа смеса се раствора во чаша црвено вино и се пие полека.

  • За крвните садови

Се толчи 1 лажичка семе од сусам и се прелива со една чаша црно вино. Се остава да отстои преку ноќ и наутро се процедува со газа. Се пие во текот на целиот ден, во помали голтки.

  • Против хемороиди

Се меле една лажичка семе од сусам, се додаваат 2 лажици вода и се меша додека не се добие паста. Потоа се додава 1 лажичка путер и добро се мати. Се мачка на тост. Помага во лекување на хемороиди.

  • Изгореници

Се варат 2 лажици семе од сусам во чаша вода и се оставаат да вријат неколку минути. Кога ќе се олади, се натопува една вата и со неа неколкупати дневно се мачкаат воспалените делови од кожата или изгорениците.

  • Респираторни инфекции и кашлица

Една лажичка семе од сусам се прелива со врела вода и се остава да врие 2 минути. Во ваквиот чај се додава 1 лажичка ленено семе, пола лажичка сол и 1 лажица мед. Добро се мешаат состојките и се остава да отстои покриен. Кога ќе се олади, се процедува, и од овој чај се пијат по неколку голтки пред спиење. Чајот е ефикасен при болести на респираторните органи и кај хронична кашлица.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина