Италијанските и британските научници твrдат дека јадењето на три банани дневно, по една за појадок, ручек и вечера, го намалува ризикот од мозочен удар. Суштината е во внесувањето на калиум во организмот, кој за 21% ги намалува шансите за создавање крвна грутка во мозокот.

И раните студии сугерирале дека бананите може да бидат важни за контрола на крвниот притисок и за превенција од мозочен удар. Во најновата, научниците утврдиле дека 1.600 милиграми калиум го намалува ризикот од мозочен удар. Со оглед на тоа што една банана содржи околу 500 милиграми калиум, тоа значи дека треба да се јадат по три банани дневно, што ќе го намали крвниот притисок, а воедно ќе се држи под контрола и течноста во телото. Кога луѓето би јаделе повеќе храна богата со калиум и би го намалиле внесувањето на солта, бројот на смртни случаи во светот би се намалил на годишно ниво за повеќе од милион. Но, податоците кажуваат дека вносот на калиум во повеќето земји е под препорачаната доза, што често доведува во неправилна работа на срцето, но и раздразливост, мачнина и дијареја.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина