Индискиот орев (лат. Anacardium occidentale) е мало зимзелено дрво со висина од најмногу 12 метри, со потекло од Бразил, а поради својот вкусен плод сега се одгледува во многу тропски предели во светот. Неговото семе има облик на бубрег и воглавно се одгледува во земјите како Индија, Кенија и Танзанија. Многу е хранлив и преполн со протеини и есенцијални минерали, како бакарот, калциумот, магнезиумот, железото, фосфорот, калиумот и цинкот.

 

Индискиот орев содржи помалку маснотии отколку другите јаткасти плодови. Две третини од маснотиите во него се незаситени масни киселини. 75% од овие незаситени маси киселини е олеинската киселина (ја има и во маслиновото масло) позната по своето корисно влијание врз здравјето на срцето. Тие делуваат корисно и врз дијабетесот, помагајќи да се намали нивото на триглицеридите и штитејќи од понатамошни компликации поврзани со високото ниво на шеќер и холестеролот. Редовното консумирање индиски ореви значително го намалува ризикот од појавата на дијабетес тип 2.

 

Индискиот орев е одличен извор на антиоксиданси. Овој плод обезбедува и фосфор, кој е неопходен за здрав развој на забите и коските.

 

Добар за слабеење

 

Често се препорачува земање индиски ореви како дел од здрава диета за слабеење. Индискиот орев не содржи холестерол, богати се со диетални влакна и даваат полно енергија. Умереното консумирање на оваа намирница за време на диета дава чувство на ситост и задоволство.

 

Индискиот орев содржи цинк, кој игра важна улога во јакнењето на имунолошкиот систем против микробни инфекции, синтеза на протеините и зарастување на раните. Ова е многу важно за време на бременост за развој на плодот и оддржување на стабилната состојба во телото.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина