За сода бикарбона велат дека е волшебен прав кој го лекува целиот организам. Примените на сода бикарбоната се многу добро познати, а многумина од нив се однесуваат на здравјето. Со едноставни напитоци, направени на база на сода, може да се делува на превенирањето на појава на разни болести, да се подобри сопствената енергија, да се забрза метаболизмот и да се излекува болен желудник. Познавачите на сода бикарбона имаат наведено дури 77 нејзини корисни особини кои нашироко можат да се применат за здравје, убавина и во домаќинството. Не е никаква новост дека консумирањето сода бикарбона може значително да ја подобри општата здравствена состојба, додека во комбинација со некои други состојки нејзината моќност може да се зголеми. Ќе наведеме четири примени на сода бикарбона и напитоци на нејзина база, кои може и дома да се направат и така на природен начин да се излекуваат повеќе здравствени тегоби.

Сода бикарбона како превентива

Ова е наједноставна примена на сода бикарбона. Напитокот се подготвува така што две лажици сода се сипуваат во чаша вода. Оваа мешавина треба да се испие во рок од еден час и постапката треба да се повторува 3 пати дневно. Ваквата вода не лекува некоја специфична болест, но е превентива од многу заболувања. Телото треба да остане во алкална состојба, а содата може да помогне во урамнотежување на нивото на pH во него. Тоа ќе спречи многу болести, па и оние најтешките, затоа што преголемата закиселеност на организмот е една од водечките причини за појава на многу болести.

При желудочни киселини или други проблеми со варењето, половина лажичка сода бикарбона треба да се раствори во половина филџан вода и тоа да се испие треба еден час по оброкот.

Сода бикарбона и зелен чај за подобар метаболизам

Овој напиток ќе го забрза метаболизмот и со тоа ќе помогне во намалување на телесната тежина. Примарните соединенија кои ги содржи зелениот чај, како што се катехинот, танинот и кофеинот, докажано ги согоруваат мастите во телото, додека додадената сода бикарбона дава поддршка во губењето на вишокот масти, бидејќи во кисела средина тие не може добро да согорат. Напитокот се подготвува така што 1/4 лажичка сода бикарбона се додава во шолја зелен чај. Се пие барем еднаш дневно.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина