Бананата е тропско растение со потекло од југоисточна Азија. Нејзиното дрво биолошки не претставува дрво, иако така изгледа поради поради својата висина од повеќе од 10 метри, туку таа е само високо растение со висок корен. А, технички, плодовите на бананата се всушност бобинки! Еден грозд плодови на едно ,,стебло,, може да содржи и до 400 банани.

 

Со овој жолт плод се поврзани многу здравствени предности. Тој е богат со калиум и пектин, еден облик на влакна, а може да биде и добар начин за добивање на магнезиум и витамините Ц и Б6.

 

Познато е и дека бананите го намалуваат отокот, штитат од развој на диабетес тип 2, помагаат во губењето на вишокот на килограми, го јакнат нервниот систем и помагаат во производството на белите крвни зрнца, и тоа се поради високото ниво на витаминот Б6 кој го содржат во себе. Богати се и со антиоксиданси, кои пружаат заштита од слободните радикали.

 

Здравствени предности на бананите

 

Здравје на срцето

 

Бананите се добри за срцето. Богати се со калиум, минерален електролит кој е потебен за да може срцето да работи. Високиот уддел на калиум и нискиот уддел на натриум можат исто така да помогнат во заштитата на кардиоваскуларниот систем од висок крвен притисок.

 

 

Антидепресив

 

Бананите можат да бидат корисни во совладување на депресија. Освен тоа, витаминот Б6 може да помогне за добро спиење, а магнезиумот помага во опуштање на мускулите. Освен тоа, триптофанот кој се наоѓа во бананите е познат по своите својства да го поттикнува сонот.

 

 

 

Подобра дигестија и губење на тежината

 

Бананите се богати со влакна, што може да помогне за редовна дигестија. Витаминот Б6 исто така може да помогне во заштитата од шеќерна болест тип 2 и да помогне во слабеењето. Прегледот од 2017 година, објавен во “Nutrition Bulletin”, покажал дека резистентниот скроб во бананите го оддржува здравјето на цревата и го контролира шеќерот во крвта.

 

 

Подобар вид

 

Морковот можеби е познат како одличен чувар на видот, но и бананните исто така имаат свој уддел. Плодовите содржат мала, но значајна количина витамин А, кој е важен за заштита на очите, оддржување нормалне вид и за подобрување на видот во ноќно време. Витаминот А содржи соединенија кои ја чуваат мембраната околу очите.

 

 

Коски

 

Бананите помагаат во оддржувањето на цврстикоски. Според еден натпис објавен во 2009 година во списанието “Journal of Physiology and Biochemistry”, тие содржат изобилство од фруктоолигосахариди. Тоа се нестандардни јагленохидрати кои ги поттикнуваат пробиотиците и ја подобруваат способнста на телата да го апсорбираат калиумот.

 

 

Спречува рак на бубрезите

 

Некои докази сугерираат дека умереното јадење банани може да штити од рак на бубрезите. Шведската студија од 2005 година откеила дека жените кои јаделе повеќе од 75 порции овошје и зеленчук, го намалиле риизкот од рак на бубрезите за 40%, а бананите биле посебно ефикасни во тоа. Оние жени кои јаделе четири до шест банани неделно, го преполовиле ризикот од развој на рак на бубрезите.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина