riba_1

Доколку консумирате риба два пати неделно, ќе направите навистина многу за вашето здравје.Студиите покажуваат дека рибата благотворно делува на работата на многуоргани, вклучувајќи ги и срцето и мозокот. Препорачливата неделна доза ќе ја внесете на тој начин што двата месни оброци во текот на седмицата ќе ги замените со порции риба.

Обезбедува одлична контрола на телесната тежина

Рибата е добра и квалитетна замена за високомасното месо. Содржи малку масти, а претставува и добар извор на протеини. Консумирањето на риба за ручек или вечера ќе ве заштити, нема да внесете лоши маснотии, но трикот лежи во самото приготвување на рибата. Препорачливо е да ја сварите или испечете, но да го избегнувате пржењето за да ги зачувате здравите компоненти.

Благотворно делува на срцето

Истражувањето кое во 2006 година го спровела Школата за Јавно здравје од Харвард покажало дека возрасните луѓе кои јаделе риба два пати неделно имале 36 проценти помали шанси да заболат од разни кардиоваскуларни болести во однос на оние кои не јаделе риба или пак многу ретко ја консумирале. Сите знаеме колку се важни омега-3 масните киселини. Тие го намалуваат крвниот притисок, а бидејќи нашето тело само не произведува омега-3 масни киселини, неопходно е да ги внесуваме преку исхраната.

За подобра работа на мозокот

Освен тоа што позитивно влијаат на срцето и неговото нормално функционирање,омега-3 масните киселини ја помагаат и работата на мозокот. Омега-3 кои се наоѓаат во помасните видови риби го намалуваат ризикот од деменција и депресија. Исто така, една студија спроведена во 2011 година во Здружението за Радиологија во Северна Америка покажала дека пациентите кои јаделе две порции риба секоја седмица ја спречиле појавата на Алцхајмеровата болест.

Ги намалува холестерлолот и триглицеридите

Консумирањето на риби помагаат во намалувањето на нивоата на триглицериди и масти во крвта. Во овие случаи се препорачуваат риби како лососот, сардините, остригите и пастрмката.

Превенција од болести

Во истата студија која Харвард ја спроведе во 2006 година, научниците дошле до заклучок дека вкупната смртност помеѓу луѓето кои два пати неделно јаделе риба е помала за 17 проценти во однос на оние кои не јаделе воопшто или јаделе многу ретко. Редовната консумација на риба може да ја намали појавата на разни воспаленија, но и шансите за појава на рак и артритис.

Здрави очи

Големо француско истражување покажало дека омега-3 масните киселини спречуваат развој на различни очни болести кои доаѓаат со годините. Познато е дека рибата ги содржи омега-3 масните киселини, па ако сакате здрави очи, знаете што треба да правите.

Долговечност

Освен омега-3, рибата има уште многу други состојки кои се исклучително здрави за човечкото тело. Токму затоа, редовната консумација на риба, гарантира и подолг живот, а тоа го потврдуваат неколку истражувања. Според некои проценки, луѓето кои редовно јадат риба, просечно живеат по две години подолго.

Здрава кожа

Освен што обезбедува убава кожа, рибата придонесува и за нејзиното здравје. Имено, кожата денес е изложена на штетните УВ зрачења, а состојките на рибата ја штитат кожата и спречуваат настанување на канцерогени клетки.