Бела, розеникава или пурпурна боја, багремот (лат. Robinia pseudoacacia) и со миризбата и со раскошната круна никого не остава рамнодушен. Ова листопадно дрво по потекло е од Америка, а во Европа стигнало на почетокот на 17 век. Го донел Жан Робин, градинар на францускиот двор, по кого и го има добиено името. Кај народот е познат и како акација, бел багрем, кралско дрво, капинка…

Цвета од април до крајот на мај или дури и јуни. Цветовите се формираат во групи, образувајќи висечи гроздови со должина и до 20 сантиметри. Плодот е во облик на сплескана мешунки со темнокафеава боја, кои можат да се излупат, да се конзервираат и употребуваат наместо зеленчук. Вареното семе од багремот може, на пример, да го замени гравот, а прженото – кафето.

Белите миризливи цветови лачат многу нектар, а вкусни се и свежи и пржени. Кај народот, кој ја познава вредност на ова дрво, цветот се бере непосредно пред отворањето, а листот додека е сосема млад. Народната медицина препорачува чај од исушени цветови, кој во исто време е вкусен и лековит кај настинка и кашлица. Од друга страна, во свежите мешунки и семе има многи белковини, јагленохидрати и маснотии. Меѓутоа, старата кора е отровна, поради состојката токсалбумин робин и не смее да се користи, додка младата се отстранува во мај и септември и се суши на сонце или на топол воздух.

Цветовите на багремот содржат околу 40 грама витамин Ц, два милиграма шеќер, етерично масло, смола, танин, сириногин, но и отровни белковини фасин, робин и бензоладехид. Семето се состои од 38% белковии, 13 милиграми масно масло, влакна и јагленохидрати. Содржи и витамини А, Б1, Б2, Б6 и минерали – магнезиум, фосфор, железо, цинк, калиум, натриум и калциум.

Подготвен како чај, багремот помага кај ревматски болки и забоболка, а претставува и одличен антисептик. Го намалува преголемото лачење на желудочна киселина и помага кај мигрени. Ефикасно делува кај гастритис, чир на желудник и на дванаестпалачно црево. Посебно место има најдено во хомеопаијата. По мислењето на стручњаците, одличен е во лекувањето на хиперацидитет и воспаление на нервите на лицето.

Западната народна медицина го користи за лекување на антивирусни заболувања, грчеви кожни болести, тегоби при варењето, намалување телесна температура, за подобро излачување на урина…

 

Токсична кора, семе, лист

Со користењето на одредени делови од багремот, потребна е голема вниматлност. Поради тиксичност на состојките робин, фазин, не смеат да се користат старата кора, зрелиот лист и сировото семе. Доколку не се внимава и тие се користат, може да дојде до појава на депресија, слабост, ширење на зениците, повраќање, крвави дијареи, слаб пулс, студени раце и нозе, бледило, па дури и некаков вид на шок на целиот организам.

 

Идеален мед за деца

 

Багремовиот мед е многу ценет низ цела Европа. Чист е, течен, лесен, идеалек за деца постари од една година. На најмладите им се препрачува поради тоа што е лесен, а кај возрасните делува против стрес, нервоза, несоница… Најпрозирен е од сите видови и е еден од највкусните. Неговата кристализација трае и до три години. Ако дојде до зашеќерување, станува бел, матен, ситнозрнест, поради што потсетува на снег. Ако кристализира, теглата со мед треба да се потопи во топла вода и работата е решена.

 

Лекува настинка и кашлица

Чајот против настинка и кашлица се подготвува така што лажичка суви цветови багрем се прелива со два децилитри врела вода. Се поклопува и се остава да отстои половина час, а потоа се процедува и се пијат една до две шолји дневно.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина