Фитнес стручњакот и творецот на популарната исхрана од два оброка, тврди дека луѓето внесуваат премногу протеини и дека тој се ограничува на само четири порции месо неделно.

 

Макс Лоуери, од Лондон, тврди дека добил четири килограми чисти мускули во текот на две години со намалување на количината на месо и без користење протеински суплементи.

 

– Имам повеќе сила од кога и да било и ниту една негативна нус-појава, и покрај тоа што внесувам помалку протеини – напишал тој.

 

Тој решил да ја намали количината на месо од морални и еколошки прични и велидека месото го набавва исклучиво од произведувачи кои постапуваат хумано со животните.

 

Макс тврди дека најновите студии покажале дека на еден просечен човек кој не тренира му се потребни само од 60 до 70 грама протеини дневно.

 

– На оној кој вежба три пати неделно, потребни му се од 1,5 до 2 грама протеини по килограм телесна маса, и тоа во деновите кога тренира, а уште помалку од тоа во оние денови кога

одмора – додава тој.

 

Меѓутоа, протеинот не мора да потекнува од месото. Јајцата, јаткастите плодови, тофуто и сирењето се само некои од алтернативите. Ако јадете многу месо и не можете толку драстично да  ја намалите количината, Макс препорачува да воведете барен еден или два безмесни денови во неделата.

 

Непотребно е месо да се јаде со секој оброк. Потребно е само малку фантазија, за оброкот да ви биде вкусен и без него.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина