Нешта кои никако не би требало да ги делите со другите
Сите некогаш сме биле во ситуација каде што ни барале на заем чешел, сапун или некоја шминка, но сериозно би требало да се замислиме наредниот пат дали треба да ги позајмуваме овие работи, заради опасноста по нашето здравје и хигиена. Експертите и дерматолозите тврдат дека со причина постојат нешта кои никој не би требало да ги дели со другите, заради можноста од пренос на бактерии. Еве кои се тие десет најризични нешта :
Сапун
Иако многумина мислат дека сапуните наменети за чистење и отстранување на бактерии се безбедни за користење, бидејќи сапунот не се суши целосно по употреба, може да задржи некои бактерии на себе, па затоа експертите советуваат дека сапунот не треба да се дели со другите. Некои истражувања покажаа дека сапунот може да пренесе бактерии од личност на личност.
Капи, кациги, четки за коса и чешли
Експертите советуваат капите, кацигиите, четките за коса и чешлите да не се делат со други, заради опасноста од пренесување на вошки. Вошки може да се пренесат и доколку се користи иста перница или кревет, кои неодамна биле во контакт со инфицирано лице.
Антиперспиранти
Мирисот на потта доаѓа од бактериите кои ја раградуваат потта на кожата. Дезодорансите имаат некои антибактериски својства кои би требало да ја запрат миризбата, додека антиперспирантите имаат својство да го намалат потењето. Ако со некој го делите рол-он антиперспирантот, бактериите и габите можат да се пренесат од човек на човек. Со дезодорансите во форма на спреј не постои таков ризик, додека во оние со форма на стик постои.
Грицкалки за нокти
Ова не е во ред да го споделувате со никој, ниту во салон за убавина, ниту пак со пријателите. Доколку ја исечете премногу кожичката или со грицкалката го отстранувате вишокот кожа од плускавци, на кожата ќе си направите отворена рана на која можат да се населат бактерии и габички. Грицкалките ретко кој правилно ги дезинфицира, па со користење на оваа алатка, може да си пренесете бактерии и габички.
Шминка
Маскарата, карминот и другите шминки ги само за себе. Преку шминката може да се пренесат некои вирусни инфекции, како на пример херпес. Иако шминката во себе содржи некои конзерванси кои имаат за цел да ги убијат бактериите, подобро е шминката да не ја делите со други.
Жилети за бричење
За ова веројатно не треба многу објаснување. Доволно е да се каже дека на оваа алатка за депилирање може да се најде крв, а се она на што може да се најде нечија крв е подобро да го избегнувате, Покрај ова, депилирањето може да доведе до иритација на кожата, бидејќи лицето е место на телото кое е најподложно на бактерии и инфекции.
Пијалоци
Споделување чаши или шишиња со вода или сок водат кон размена на плунка, и тоа не на добар начин. Бактериите кои предизвикуваат воспаление на грлото, настинки, херпес, заушки, менингитис … може да се пренесат од човек на човек и со една невина голтка.
Четки за заби
Четкањето на забите кај некои луѓе предизвикува крварење на непцата, а освен тоа во устата може да најдат голем број на бактерии и затоа никако не се препорачува споделување на четката за заби.
Обетки
Кога ставате обетки, можете да ја оштетите кожата околу дупчето во увото, со што тоа место е подложно на бактерии и вируси кои можеби ги имал претходниот корисник. Иако ретко се случува со ставањето на обетките да направите раничка, ризикот уште постои.
Слушалки
Истражувањата покажаа дека честата употреба на слушалки во ушите предизвикува зголемување на бројот на бактерии. Ако делите слушалки со некој, може да дојде до воспаление на увото. Избегнете го споделувањето и редовно чистете ги вашите слушалки.