Кога луѓето би знаеле повеќе за тоа колку е ананасот (Ananas comosus) лековит, веројатно почесто ќе го имаат на менито. Ова сочно јужно овошје го откриле на карипските острови Гвадалупе шпанските и португалските морепловци, кон крајот на 15 век. Одушевени од неговиот мирис и вкус, се обиделе во повеќе наврати да го донесат во Европа, но поради климата тоа не им успевало. Конечно, го однеле во афиканските и азиските колонии и така станал распространет низ целиот свет, а денес е едно од најраспространетите тропски овошја. Неговите благотворни својства ги откриле австралијанските научници од Институтот за медицински истражувања во Квинсленд. Тие утврдиле дека плодот на ананасот содржи во себе моќна антиканцерогена состојка, која во иднина би можела да биде решение за лекување на оваа подмолна болест. Од неговите петелки издвоиле два молекули бромелин. Едната од нив го поттикнува имунолошкиот систем да ги уништува канцерогените клетки, додека другиот го блокира одредениот протеин кој е одговорен за дури 30% од случаите на настанување на сите облици на карциноми. Посебен ефект има кај канцерогените клетки на дојката, белите дробови, дебелото црево, јајчниците и меланомите.

За да се потврди ефикасноста на оваа терапија, треба да се завршат клиничките истражувања. Засега, стручњаците препорачуваат по три овошни оброци ананас дневно, со цел да се постигне антиканцерогениот ефект. Бромелинот е, инаку, многу ефикасен во локализирањето на воспаленијата со едеми, ги намалува воспаленијата, отоците и лузните. Освен тоа, го јакне колагенот во ткивата зафатени со целулит, ја поправа дренажата и го олеснува варењето на протеините. Бромелинот од ананасот брзо и ефикасно ги намалува болките. Мислењето на научниците е дека ги разградува протеините во крвта, па на тој начин ги намалува воспаленијата кои предизвикуваат болка. Во исто време ги штити зглобовите од слободните радикали.

Поради својствата кои ги поседува, се препорачува при помош при слабеење, го елиминира целулитот и брчките. Ефикасен се има покажано и при хиперпигментација предизвикана од стареење. Може и да ги избледи ,,старечките пеги,, или целосно да ги елиминира, и тоа најчесто оние кои се појавуваат на дланките. Само треба со тупфер натопен во сок од ананас да се помине по нив.

Народните доктори ова овошје го препорачуваат при воспаление на белите дробови, бронхитис, анорексија, некои видови алергии, проблеми со штитната жлезда, гребење во грлото, артериосклероза и уште многу други болести. Поради завидната количина на целулоза која ја има во себе, одличен е при отежнато варење. За жал, има во себе и многу шеќер, па дијабетичарите би требало да го одбегнуваат.

Свежо исцедениот сок од ананас е исклучително здрав. Помага при треска и висока температура и го јакне имунолошкиот систем. Исто така, го снижува високиот крвен притисок, ги одзатнува крвните садови и делува како диуретик, бидејќи го елиминира вишокот вода од организмот. Ги чува коските од остеопороза и кршење, па поради тоа треба често да се пие. Ананасот во себе содржи и многу јагленохидрати, а од минералите – калиум, калциум, магнезиум, фосфор и манган. Има и растителен пигмент каротин, а меѓу витамините се издвојуваат витамините Ц, Е и витамините од Б групата. Најдобро е да се јаде свеж, бидејќи така делува најдобро врз здравјето.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина