Тивки сигнали дека му е потребна помош на телото
Ако нешто не е во ред со организмот, телото ќе го покаже тоа. Меѓутоа, неретко ги игнорираме тие сигнали, па симптомите можат да прераснат во сериозни здравствени проблеми. Еве кои се тие сигнали.
Проблеми со спиењето, раздразливост, грчеви во нозете
Доколку ве измачуваат следниве симтоми, мора да консумирате повеќе храна богата со магнезиум и калиум, како што се ленено семе, семки од сончоглед, бадеми, спанаќ, блитва, цвекло, сливи и кајсии.
Преголема желба за солена храна
Алармира на инфекција или воспаление некаде во телото, посебно ако се работи за воспаление на урогениталниот тракт.
Сува кожа
На кожата и е потребен витаминот Е, па поради тоа треба да се зголеми консумирањето на растителни масла, масна риба и јаткасти плодови.
Претерана желба за слатки
Може да биде знак за исцрпеност на нервниот систем како и дека на телото му е потребна повеќе гликоза за да се снабди со енергија. Во миговите кога ќе почувствувате желба за слатко, изедете малку мед или црна чоколада за да ги одбегнете проблемите во гастроинтестиналниот тракт.
Крварење на непцата
Мора да пиете повеќе чај и да консумирате повеќе овошје, бидејќи крварењето на непцата може да биде знак за недостаток на витамин Ц. Богат извор на овој витамин се лукот, овошјето и зеленчукот.
Сува кожа на лактите
Упатува на недостаток на витамините А и Ц. Консумирајте повеќе портокали, кајсии, моркови и тикви.
Зголемана желба за морска храна
Укажува на недостаток на јод.
Голема желба за кисела храна
На организмот му е потребна храна која ќе ја поттикне работата на жолчниот меур и црниот дроб. Додадете повеќе лимон и брусница во вашата исхрана.
Кршливи коски и нокти
Упатува на недостаток на витамин Б и на калциум. Консумирајте повеќе млеко, компир, мешунки, пченични никулци и житарки од цело зрно.
Претерана желба за сирова храна
Копнежот за сирова храна може да укажува на проблеми со црниот дроб или на гастритис. Сировата храна ќе ги ублажи грчевите и ќе го смири желудникот.