Постојат неколку многу добри причини поради кои јаболковиот оцет е неизоставна состојка во сите рецепти на народната медицина. Некои од нив се следниве:

Го отзатнува носот

Штом еднаш ќе пробате јаболков оцет, никогаш повеќе нема да им се вратите на капките за отзатнување на нос. Овој оцет е ефикасен поради тоа што е богат со калиум. Покрај тоа, тој ја намалува количината на слуз во носот. Значи, кога следниот пат ќе почувстввате дека носот ви е затнат, само додајте малку јаболков оцет во чаша студена вода и проблемот ќе биде решен.

 

Го потпомага лошото варење

Ако патите од овој проблем, пред секој оброк земете мешавина од една лажичка јаболков оцет и лажичка мед, кои ќе ги измешате во чаша студена вода.

 

Лекува болно грло

Измешајте четвртина филџан јаболков оцет со четвртина филџан топла вода, и болката во грлото ќе исќезне. Најдобро е што овој напиток може да се користи и превентивно.

 

Го штити срцето

Ако сакате да имате здраво срце, нема подобро нешто од јаболковиот оцет. Хлорогената киселина, антиоксиданттот кој се содржи во јаболковиот оцет, ги спречува сите видови на оксидации на деловите холестерол, со што значително го намалува ризикот од срцеви болести.

Отстранува акни
Јаболковиот оцет има способност да ја избалансира PH вредноста на кожата, па затоа е идеален за чистење на лицето. Било да го пиете или да го нанесувате директно на лицето, за кратко време ќе ја забележите разликата.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина