Индикација за болест или последица од стрес? Треморот во рацете може да биде симптом за сериозна болест, но и индикатор за недостиг на витаминот Б12 во телото. Поголем дел од времето, треморот влијае само на едната страна од телото и најмногу се чувствува во раката. Се случува најчесто кога ќе ги отпуштиме мускулите, па затоа и се нарекува одморувачки тремор. Кога ќе се придвижиме, тресењето се смирува. Дури и најмалото движење на прстот може да помогне за да престане треморот. Кај други типовина тремор, стресот или возбудување може да ги влоши. Ако тремот е последица од болест, може да се прошири од едната страна телото на другата.

 

Мултиплекс склероза

 

Оваа болест, која цели на имунолошкиот систем, мозокот, нервите и на рбетниот мозок, исто така може да предизвика тремор во рацете. МС може да предизвика тремор во сите делови од телото, но најчесто се јавува во рацете и нозете.

 

Одвикнување од алкохол

 

Тремор често е последица од одвикнување од алкохолот и тоа е еден од првите показатели за недостиг на алкохолот на кој телото е навикнато. Ако се работи за помала зависност, треморот може да трае неколку дена, но доколку во прашање е тежок алкохолизам, треморот може да трае и повеќе од една година.

 

Понекогаш, треморот е одговор на телото на проблем во организмот, како на пример кај:

  • Земање одредени лекови- некои лекови го блокираат допаминот во мозокот, чија задача е пренос на информации од еден дел од мозокот во друг. Лекови кои влијаат на допаминот обично се наменети за контрола на расположението. Треморот ќе исчезне по престанување на земањето на лековите.
  • Недостаток на витамин Б12- при недостаток на витамин Б12 во организмот, нервниот систем не може да функционира со полн капацитет. Ако се појави тремор, се работи за голем недостаток и треба веднаш да се појде на доктор за да добие инјекција со витамин Б12. Помал недостиг на витаминот Б12 може да се надомести со јадење риба, јајца и млечни производи.
  • Стрес – од финансиски и деловни грижи, па до проблеми поврзани со здравјето, стресот го влошува треморот. Бес, екстремна глад или скратување на сонот можат да доведат до тремор во рацете. Тоа е познато како физиолошки тремор.
  • Хипогликемија(ниско ниво на шеќер во крвта) – се појавува тремор како природна реакција на организмот на недостаток на шеќер.
  • Хиперактивна штитна жлезда- понекогаш се случува штитната жлезда да почне да произведува премногу хормони и како последица од тоа целото тело се забрзува. Човекот има проблеми со спиењето, се засилува срцевиот ритам и се тресат рацете.
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина