Ако ви студи затоа што температурата паднала за 10-тина степени во само еден ден, тоа е нормално, но доколку се тресете од студ, а на другите околу вас им е пријатно, тоа може да биде индикатор за одредени здравствени проблеми.

 

  • За жените е вообичаено да им биде постудено, а за тоа делумно е ,,виновна,, психологијата и поголемата чувствителност на условите кои можат да придонесат за студ, вели доктор Холи Филипс.

 

Сепак, проверете дали некоја од следниве причини е виновна за тоа што постојано смрзнувате. Ако сте премногу слаби, поточно кога БМИ индексот (индекс на телесната маса) ви е 18. 5 или дури помал, може да значи автоматски дека ви е постудено. Причина за тоа е што ви недостасува соодветно ниво телесна маса кога сте слаби, која би ве штитела од студени темератури. Но, и следниве причини играат голема улога во тоа.

 

 

Нарушување на работата на штитата жлезда

 

Ако ви е постојано студено, тоа може да значи дека имате проблеми со работата на штитната жлезда односно дека таа не лачи доволно хормони и дека имате хипотиреоза.

А, без соодветно работење на оваа жлезда, се забавува метаболизмот и се спречува нормалната функција на вашеот тело во производство доволна количина на топлина.

 

Анемија

 

Ниското ниво на железо во крвта е најчестата причина за хронично чувство на студ. Имено, железото е клучен минерал кој им помага на црвените крвни зрнца да го пренесуваат кислородот низ телото, што всушност значи да носат топлина и други хранливи материи во секоја клетка на организмот. Без доволно железо, црвените крвни клетки не можат ефикасно да си ја вршат својата функција, а вам ќе ви студи и ќе се тррсете

 

Лоша циркулација

 

Ако стапалата и рацете ви се постојано студени, а остатокот од телото е со пријатна температура, тогаш имате проблем со циркулацијата, што значи дека поради одреден проблем крвта не доаѓа до екстремитетите. Причина за тоа можат да бидат срцево – артериски проблеми, бидејќи ова укажува дека срцето не ја пумпа ефикасно крвта или пак постои блокада во артериите, која спречува крвта да дојде до прстите.

 

 

Недостаток на сон

 

Недостатокот на сон може да го ,,опустоши,, нервниот систем и да ги уназади функциите на мозокот, кои влијаат врз телесната температура. Се уште не е разјаснето зошто сето ова се случува, иакоисражувањата сугерираат дека поради недоволно сон се намалува активноста во хипоталамусот, дел од мозокот одговорен и за регулирање на телесната температура.

 

Рани знаци на дијабетес

 

Дијабетесот кој не се контролира може да доведе до состојба наречена перифера нефропатија, која влијае на нервите задолжени за чувството на допир во рацете и нозете. Се чувствува трпнење и понекогаш болки во рацете и нозете, а со оглед на тоа што нервите се одговорни за испраќање пораки до мозокот во врска со чувството на температура, и рацете и нозете исто така можат да бидат студени.

 

 

Недостиг на витамини

 

Зиморливоста може да биде предизвикана и од недостиг на витаминот Б12, кој гоима во намирниците од животинско потекло, а кој има голема улога во намалување на чувството на студ. Овој витамин му е потребен на телото за да може да произведува црвени крвни зрнца, кои го шират кислородот низ телото. Неговиот недостиг доведува до анемија, намален број на еритроцити и на крај и до студ.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина