Зошто болките во грбот не смеат никако да се игнорираат?
Доколку денот го минувате згрчени пред компјутерот, со спуштени рамења додека ручате на работното биро, тогаш најверојатно болките во грбот не ви се непознати. Според Американското здружение за киропрактика, 80% од жителите доживуваат болки во грбот во некој период од животот, при што жените имаат поголема веројатност да доивејат болки во долниот дел од грбот за разлика од мажите. Покрај тоа што имаат поголема веројатност за да доживејат болки во грбот, за жените исто така е поверојатно дека ќе ги игнорираат болките многу почесто од мажите – причината за тоа се крие во тоа што тие имаат тенденција да ги ставаат своите здравствени потреби на дното од обврските.
Меѓутоа, ставот за блаженото незнаење не би требал да се применува кога станува збор за болки во грбот. Ако ги игнорирате болките, надевајќи се дека сами од себе ќе поминат, всушност може да дојде до трајни оштетувања. Притоа постојат пет специфични знаци кои укажуваат дека е време да се побара помош од доктор веднаш.
1. Болки во грбот и болки во нозете
Ако чувствувате болка која се протега од долниот дел на грбот или задникот преку нозете, па се до стапалата, тоа може да биде знак дека се работи за иритација на нервниот корен. Иако постои шанса тој да се повлече сам од себе, иритацијата на коренот на нервот може да доведе до вкочанетост, слабост на мускулите и константна болка. Речиси 90% од пациентите кои доаѓаат со тие симптоми не им треба операција, но постојат многу неинванзивни постапки – вклучувајќи масажи, физикална терапија за зголемување на силата, вежби за истегнување и примена на топлина – кои можат да ги намалат симптомите.
2.Болки во грбот и куцање
Ако покрај болки во грбот чувствувате и слабост во нозете или куцате, треба веднаш да се обратите на доктор за да го исклучите постоењето на оштетувања на нервот. Ако ги негирате овие симптоми, слабоста на мускулите може да стане трајна, додека посетата на доктор ќе ве спаси од куцање и проблеми со рбетот до крај од животот.
3. Болки во грбот и проблеми со рамнотежата
Кај жените со тек на годините се развива се поголем ризик од појава на фрактури, кои се поврзани со остеопорозата. Ако чувствувате болки во грбот и имате потешкотии со оддржување на рамнотежата, договорете часови на вежбање со физикален терапевт. Со тоа ќе ја зајакнете силата и издржливоста на телото, но и ќе научите како при пад да ги минимизирате штетите и можните повреди.
4. Болки во грбот и проблеми со варењето или мокрењето
Уште една комбинација на симптомите кои апсолутно не треба да се игнорираат е инконтиненцијата на столицата или урината како и трпнењето на нозете. Овој акутен напад од симптоми може да биде знак за синдромот cauda equina, ретка состојба која се манифестира како притисок на нервите на дното на рбетниот мозок поврзан со органите во карлицата. Може да биде доволно сериозно до толку што да треба итна операција – имено, истражувањата покажуваат дека шансите за целосно закрепнување се намалуваат по 48 часа.
5. Болки во грбот и реакција на целото тело
Во некои случаи, телото на пациентот почнува да реагира на болката во облик на треска, тресење и ноќни потења. Тоа се знаци дека целото тело минува низ реакција на нешто друго, па така мора да откриете што се крие во позадината. Иако ракот најчесто е најмалку веројатното решение кај оние пациенти со болки во грбот, овие симптоми би можеле да упатуваат на рак или на други инфекции во организмот.


