По обилен оброк, дел од луѓето се жалат на желудочни киселини или на општо чувство на преполнетост, па германските стручњаци предлагаат решение: прошетка по ручек или вечера, кои можат да го забрзаат варењето.

 

Спротивно на тоа, алкохолот го забавува, па таканаречените дигестиви, како што е коњакот, најдобро е да се одбегнуваат по јадење, како што тврди германското здружение за дигестивни и метаболички болести.

 

Наместо се да се изеде одеднаш, оние со чувствителен желудник подобро е да јадат повеќепати помали оброци. Жиговината настанува, меѓу другото, поради преголем притисок на мускулот вон долниот езофагеален сфинктер. Исто така, не е добра идеја да се јаде доцна навечер, бидејќи таквите проблеми често настануваат кога човекот ќе си легне, па доаѓа до рефлукс на желудочната содржина во езофагусот.

 

 

Што е тоа кога желудникот боли и како да се помогне?

 

Оваа состојба се манифестира со болка, печење, чувство на непријатност и мачнина во желудникот, чувство на притисок и надуеност и на полност, ситост веќе по мала количина на храна, губење на апетитот, подригнување и засилено испуштање гасови, но и со враќање на храната од желудникот во езофагусот (т.н. рефлукс) или мачнина која може да биде проследена и со повраќање.

 

Препорачливо е да се користи маслиново масло како извор на маснотии и редовно консумирање ферментирани млечни производи (јогурт, кефир, ацидофил). Може да помогне и алое и пчелни произвиди и лековити билки. Храната и навиките го намалуваат притисокот во долниот езофагеален сфинктер и нема појава на рефлукс.

 

Затоа потребно е да се одбегнува пржена и масна храна, чоколаи, пеперминт, лук и пушење. Исто така, некои намирници можат да иритираат или да го оштетат езофагусот, па треба да се одбегнуваат. Тоа се цитрусите и соковите од цитрус, производите од домати, црвените пиперки, чилито и црниот пипер.

 

Храна која треба да се одбегнува

 

Од исхраната треба да се исфрли сето она кое иима предзнак ,,пре,, – луто, солено, кисело, студено, топло – зашто многу брзо повторно ќе го надразните желудникот. Одбегнувајте и сирова храна, која многу потешко се вари и со тоа ги влошува симптомите.

 

Што помага?

 

Чаеви – во народната медицина во лекувањето на тегобите во горниот дел од дигестивниот систем најчесто се применуваат чаевите од слез или лен, камилица, коморач, столисник, пелин или глуварче. Кај потешките ситуации на лекување од H. pylori се користат лековити растенија како што се мајчината душичка, кантарионот, лавандата, анасонот и пелинот, бидејќи овие со своите етерични масла делуваат бактерицидно врз H. pylori.

 

Добри маснотии – омега-3 масните киселини се имаат покажано дека делуваат заштитно, па во исхраната на овие болни треба да бидат застапени риби, посебно оние од северните мориња, како што се бакаларот, лососот, туната и сабјарката.

 

Јогурт – ферментираните млечни производи содржат пробиотици кои воспоставуваат рамнотежа во цревниот систем.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина