Вежбањето и редовната физичка активност имаат низа позитивни ефекти врз луѓето, здравјето и работата на органите. Во научното списание Nature објавен е натпис за едно важно откритие. Имено, авторите на студијата спроведена на институтот за рак Dana-Farber Cancer и Harvard Medical School го потврдиле влијанието од вежбањето врз човековото тело, на ниво на клетките. За потребите на студијата, научниците ги проучувале мускулните клетки на луѓето и глувците. Нивната претпоставка била дека мускулните клетки влијаат врз биолошките процеси низ целото тело, а не само на мускулните ткива, односно дека мускулните клетки влијаат на клетките на мастите. Биле разгледувани активностите на честичките под име PGC1-alpha, кои се произведуваат во мускулите пред и за време на физичките активности.

Биохемиски процеси предизвикани од вежбање

Вежбањето го поттикнува создавањето на поголеми количини на PGC1-alpha клетки кои се отпорни на развојот на дебелина и дијабетес. Биолошките механизми кои ги поттикнуваат PGC1 клетките досега беа непознати, а за време на оваа студија е потврдено дека зголеменото учество на PGC1 во мускулите го зголемува наглиот пораст на експресијата на протеинот со име Fndc5. Она што е утврдено за време на оваа студија е поделбата на овој протеин на два дела, при што како производ се добива хормон кој досега никогаш не бил идентификуван ниту познат. Овој хормон е наречен ирисин.

irisin2

Делувањето на ирисинот

За разика од другите материи кои се создаваат во мускулите, ирисинот не се задржува во нив. Имено, тој влегува во крвотокот и патува до масните клетки каде, со низа биохемиски сигнали, почнува претворањето на обичните масни клетки во кафеави масни клетки. Кафеавите масни клетки се оние кои се физиолошки пожелни – тие се метаболични активни, за разлика од белите масни клетки. Тие го користат кислородот и за своите функции им е потребна енергија, што значи дека трошат калории.

До неодамна се сметаше дека еден возрасен човек нема во себе кафеави масни клетки, туку дека тие се губат за време на периодот на детството. Но, во студиите спроведени од 2000 година, па наваму, е потврдено нивното постоење и кај возрасните луѓе, во разни количини. Според резултатите од наведената студија, токму хормонот ирисин се смета за одговорен за количината на кафеавите масни клетки кај луѓето.

irisin1

Ирисинот посредно поттикнува поголема потрошувачка на енергија

Во одделен експеримент, научниците инјектирале ирисин во белите масни клетки на глувци. По некое време, клетките доживејале генетски промени и почнале да стануваат кафеави. Исто така, се зголемило и т.н. ,,респираторно ниво,, на масните клетките, што значи дека тие почнале да трошат поголеми количини енергија.

На глувците кои биле на исхрана со голем уддел на маснотии им бил инјектиран протеинот Fndc5, кој се претворил во ирисин и кој значително ја подобрил толеранцијата на гликоза кај животните. Научниците истакнуваат дека кај нив не се развил дијабетес, иако биле изложени на голем ризик токму за развој на оваа болест.

Во заклучокот од оваа студија стои дека токму хормонот ирисин е ,,алката која недостасува,, во разбирањето на тоа како вежбањето влијае позитивно врз здравјето.

Сепак, додека ирисинот има значајни позитивни ефекти врз метаболизмот, се чини дека нема влијае врз позитивните ефекти кои вежбањето ги има врз срцето и мозокот. Она што останува нејасно е податокот дека вежбањето го подига нивото на ирисин, а ирисинот го зголемува нивото на кафавите масни клетки кои трошат повеќе енергија и калории, но ирисинот не се поврзува со губењето на вишокот на килограми. На глувците на кои им бил инјектиран ирисин ниту добиле на тежина ниту им се променило нивото на шеќер во крвта и покрај тоа што биле на исхрана со висок уддел на масти, што значи дека овој хормон ги чувал и од дебелеење и од добивање на дијабетес.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина