Намаз од домати со бадеми
Состојки:
- 500 гр. домати
- 2 чешниња лук
- 5 лажици маслиново масло
- 3 лажици лимонов сок
- 2 лажици насецкани бадеми
- сол
- црн пипер
- 1 лажичка насецкан лук власец
- 1 лажичка насецкан магдонос
Подготовка:
Исечете ги доматите на кругови, потпечете ги во тава со една лажица масло и оладете ги. Потоа иситнете ги во блендер и додадете им ги лукот, власецот, магдоносот, солта и црниот пипер, додека не добиете кремаста смеса. На крај додадете ги бадемите. Послужете го намазот со потпечен леб.


