Анемијата е состојба во која недостасуваат црвени крвни зрнца, кои го пренесуваат кислородот до ткивата во организмот. Недостатокот на кислород во ткивата влијае негативно на многу органи и на нивната функција. Анемијата во бременоста посебно загрижува, бидејќи се поврзува со ниската породилна маса и предвременото породување.

 

Бремените жени имаат зголемен ризик од анемија поради зголемената количина на крв која телото ја произведува за да може да ги обезбеди сите нутритиенти за растот на плодот. Во бременоста, потребата за железо расте од 14 мг. на 27 мг. дневно, а  железо дополнително е потребно за производство на дополнителни црвени крвни зрнца, за постелката и за плодот кој расте. Исто така, организмот во бременоста произведува залиха од железо, со цел да биде подготвен за поголемо губење крв при породувањето.

 

Во бременоста е важно да се консумираат намирници богати со железо, како шкампи, говедско, мисиркино и друго месо како и намирници од растително потекло, како грав и леќа. Апсорпцијата на железо од намирници од растително потекло ја зголемува присутноста на месо во истиот оброк, но и намирниц кои се богати со  витамин Ц, како јагоди, брокула и пиперки. Апсорпцијата на железото ја попречуваат одредени соединенија кои можат да се најдат во храната, како што се житарки и мешунки, млечни производи, соја, кафе и чај.

 

Храната која го попречува апсорбирањето на железото се советува да се консумира 1 до 2 часа пред консумирањето оброк богат со железо. Истото важи и за консумирањето железо во облик на додаток за исхраната, која се препорачува да се внесува со помал оброк. Внесувањето поголема количина храна го попречува апсорбирањето на железото.

 

При изборот на витаминско – минерален додаток во исхраната за трудниците, се советува да се одбира оној производ кој содржи железо со висока биолошка расположливост.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина