Недостатокот на сон го намалува нивото на тестесторон
Доколку сте љубител на ноќните забави и дружењето до ситните часови, а истовремено редовно вежбате, оваа информација сигурно нема да ви се допадне бидејќи голема е можноста нивото на тестесторон во вашиот организам да е намален.
Резултатите од истражувањето на Американската Асоцијација на лекарите јасно докажува дека лошиот сон директно влијае на драстичното смалување на нивото на тестесторон, главниот машки хормон одговорен за сила и раст на мускулите.
Од друга страна, сонот е една од најважните работи за човековото здравје, која во животот на просечниот човек завзема околу 40 проценти од времето. Тоа е процес од суштинска важност за одмарањето и регенерацијата а телото и умот, а споменатото научно истражување јасно ја докажало поврзаноста на сонот и нивото на овој исклучително важен хормон за човековото тело.
Недостатокот на сон на излачувањето на тестесторон влијае како и додавање на 10 до 15 години живот, а познато е дека нивото на овој хормон од пубертетот па натаму, секоја година се намалува за 1 до 2 проценти. Значи, намалувањето на сонот во таков случај е крајно лоша идеја.
Како напредуваат истражувањаа, така должината и квалитетот на сон се повеќе го докажуваат своето лошо влијание на лачењето на хормоните. Откривме дека мажите кои спијат пет часа или помалку во текот на ноќта во период од најмалку една недела имаат значително пониско ниво на тестесторон од оние кои ја преспале целата ноќ – исталнува водачот на истражувачкиот тим др. Ван Каутер.
За излачувањето на тестесторон да се врати на нормално ниво, потребно е навичер да се спие од 8 до 9 часа и да се придржувате кон здрава исхрана. Исто така, некои природни зајакнувачи на излачувањето на тестесторон се покажале како добри помагатели во ваков случај.


