Доктор Сара Готфрид навела десет главни причини зошто жените треба да престанат да користат контрацептивни пилули, пишува Natural Blaze.

  1. Пилулата драстично го зголемува нивото на тестостеронот, што може да предизвика слабо либидо, вагинална сувост и болен сексуален однос. Околу 40% од жените се среќаваат со овој проблем.
  2. Причината поради која е пилулата толку позната во остранувањето на акните е таа што природниот естроген се преплавува од тестостеронот. Додека тоа може привремено да биде корисно нешто, долгорочно естрогенот се враќа во нормално ниво, и неговото ниво може долгорочно да остане нарушено.
  3. Дигестивниот систем исто така пати поради земањето контрацепивни пилули. Улцерозниот колитис и Кроновата болест (поврзани со хронични дигестивни воспаленија) се многу повеќе честа појава кај жените кои користат орални кнтрацептиви.
  4. Пилулата ја намалува апсорпцијата на витамините и минералите. Посебно влијае врз апсорпцијата на витамините B1, B2, B5, B6, B9, B12, C и E, и на минералите бакар, магнезиум, селен и цинк.
  5. Пилулата доведува до згрутчувања во крвта. Кај одредени видови пилули, тенденцијата на создавање венска тромбоза и белодробна емболија станува тројна.
  6. Пилулата го нарушува предменструалниот синдром. Најлоши се контрацептивите кои содржат дросперинон, синтетичка верзија на прогестин.
  7. Пилулата го намалува нивото на хормонот на тиреозата, со кого често се поврзува Хашимотовата болест.
  8. Кај некои жени, пилулата предивикува зголемување на телесната тежина, задржување на вода и чувство на надуеност.
  9. Пилулата го зголемува ризикот од рак на дојката и рак на грлото на матката.
  10. Пилулата, за разлика од другите методи на контрацепција, може да предизвика продолжена, па дури и трајна неплодност.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина