Kапиларотерапија
За подобра циркулација, движете се и активирајте ги капиларите во телото, бидејќи според некои источни теории крвта започнува да тече право во овие мали крвни садови. За подобри резултати, развиена е техника која се нарекува капилотерапија. Терапијата вклучува одредени движења како тресење на телото со рацете и нозете. Во нив има многу капилари и при нивното тресење се испраќаат вибрации до овие крвни садови и со тоа се подобрува циркулацијата низ целото тело. Вежбите за капиларите се изведуваат во лежечка положба, со рацете и нозете, бидејќи во оваа положба крвта во екстремитетите го пробива својот пат додека вакуумот постепено се формира, подобрувајќи ја крвната циркулација.
Се смета дека тоа може да превенира многу болести, бидејќи недостигот на вежбање ја ослободува циркулацијата и метаболизмот. Капиларотерапијата има долга традиција во Кина и Јапонија во народната медицина, поради нејзината единственост и ефикасност, поради тоа што помага во ослободувањето од стресот и возбудата. Таа е одлична вежба по долго седење. Вежбата за капиларите е едноставна и ефикасна како и цогирањето, а во исто време не ги оптоварува срцето и зглобовите. Можат да ја изведуваат луѓе на сите возрасти, и тоа без било каква физичка форма.
Изведување на вежбата
Легнете на грб на тврда и рамна површина. Кренете ги рацете и нозете, така што нозете да ви бидат напред паралелни со подот. Во таа положба, почнете да ги тресете рацете и нозете од една до три минути наутро и исто така навечер.
Терапијата ќе ја помогне циркулацијата во телото значително да се забрза, исто како штотуку да сте сте вратиле од трчање.


