а да ја заштитиме својата ДНК од стареење, треба да одбегнуваме консумирање на одредени фитохемикалии кои можат да и наштетат. Човековата ДНК секој ден се оптоварува со материи за кои одрганизмот не е предодреден и кои буквално го трујат. Единствен начин да се заштитиме е да се внесат неколку навики кога се работи за исхраната. Така, на пример, дали знаете дека целерот и многу слични растенија од истото семејство, создаваат природни отрови, познати како фурокумарини? Меѓу токсините е и псораен, со кој тој се брани од инсектите, а бидејќи постоечките вештачки пестициди ги убиваат инсектите и пред тие да го нападнат зеленчукот, во целерот ваквите хемикалии ги има во уште поголема количина.

Сепак, целерот не е единствен – и многу други растенија кои ги користиме во секојдневната исхрана содржат опасни хемикалии, дури и во траги. Погледнете кои се намирници можат да ја уништат ДНК.

Нашиот организам еволуирал на начин на кој своите потреби ги задоволува така што констатно консумираме разновидна храна. Моно исхраната е најдобар начин за да се обезбеди недостигот на некои прехранбени состојки, со истовремено труење со претерано консумирање на другите. Звучи како едноставен совет кој доколку не се следи може да доведе до сериозни проблеми. Затоа, за да не дојде до оштетување на ДНК преку преголемото внесување на овие фитохемикалии, треба да се одбегнува консумирањето на следнава храна:

Премногу горчливи краставици

Кукурбитацините се високо токсични природни хемикалии кои ја оштетуваат ДНК, а се наоѓаат во зеленчуци како што се краставиците. Тие имаат горчлив вкус, па ако плодот со кој сте ја направиле салатата е горчлив, може би било подобро да се прескокне.

Големи количини кељ, прокељ и карфиол

Гоитрогените се фитохемикалии кои се наоѓаат во репката и во слични на неа зеленчуци. Ова влијае на работата на тироидната жлезда така што ја попречуваат да ја користи солта од јодот. Затоа треба да се одбегнува да се земаат овие зеленчуци во сиров облик.

Микотоксините се хемикалии кои произведуваат габи. Алфатоксините се најпознати меѓу нив, а ги произведуваат микробите Aspergillus flavus. Освен што можат да предизвикаат рак на црниот дроб, можат да доведат и до вродени аномалии и директно оштетување на ДНК.

Алфатоксините обично се наоѓаат во житарките кои се складираат во големи темни и влажни магацини, но и во кикиритките.

Сок од јаболки и безалкохолен јаболков оцет

Постои еден начин за да се ,,пијат,, јаболките, а притоа да не сме изложени на микотоксинот патулина, а тоа е да се пие алкохолен јаболков оцет. Интересно, кога јаболковиот сок ќе ферментира во алкохолен пијалок, патулинот природно се разграува. Од друга страна, обичниот јаболков сок мож сериозно да ја оштети вашата ДНК.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина