Интегралните лебови и муслито се најчест избор, но постојат и помалку очекувани и, можеби и највкусни, начини за да внесете житарки, како што се овие вкусни ќофтиња…

Состојки:

За ќофтињата:
1 шолја јачмен, потопен преку ноќ
2 шолји вода
грст магдонос
прстофат мускатно оревче
морска или хималајска сол

За сосот од печурки:
1 лажица ладно цедено масло
1 помала главица кромид
3 шолји печурки
морска или хималајска сол и црн пипер
1/2 лажица мајкина душичка
1/2 чажица рузмарин

Подготовка:

Исцедениот јачмен прелијте го со вода (колку да го прекрие), и посолете. После еден час варење, исцете го и изблендирајте го. Мешавината измешајте ја со ситно сецканиот магдонос и зачинете со мускатно оревче и сол. Со влажни раце формирајте ќофтиња и така формирани спуштајте ги во претходно зовриена и посолена вода. Извадете ги кога ќе испливаат на површината. За тоа време, исечкајте го ситно кромидот и пропржете го на претходно загреаното масло, а потоа додајде ги печурките. Зачинете со сол, црн пипер, мајкина душичка и рузмарин и пржете околу 15 минути. Сервирајте ги ќофтињата со сосот од печурки и украсете одозгора со малку магдонос.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина