Шеќерот создава брчки
Шеќерот го забрзува пропаѓањето на еластинот и колагенот, протеини кои се клучни за здравјето на кожата, а го забрзува и процесот на создавање на брчки. Затоа, ако сакате да го забавите процесот на стареењето, треба целосно да го исфрлите шеќерот од својата исхрана.
Веќе по десет дена без консумирање шеќер можат да се забележат помали позитивни промени на кожата, а по една година кон подобро во целост се менува и изгледот на целото тело. Тоа е така поради тоа што при консумирање на шеќер се создаваат молекули кои делуваат штетно на кожата. За да ги неутрализираме, треба да се пие зелен чај, кој е богат со антиоксиданси.
Курата за подмладување треба да се почне со исхрана без ниту една слатка состојка. Дури треба да се исфрлат и медот, фруктозата и засладувачите. Треба да се внимава и на скриените шеќери во алкохолните и безалкохолните пијалоци.
При чистење на организмот треба да се одбегнуваат пченичните производи, бидејќи при варењето ослободуваат шеќер. Како и квасецот, зеленчукот кој е богат со скроб, како што се компирот и слаткото овошје. Но, затоа без ограничување треба да се јадат зелени јаболки, боровинки, брокула, кафеав ориз, месо и риба.