Прочитајте што може да предизвика загубата на само половина час од сонот
Научниците докажале дека загубата на сонот е широко распространета појава во современото општество, но дури во последната деценија е откриено влијанието на лишување од сон, врз метаболизмот. Загубата на само половина час на спиење дневно, го зголемува ризикот од дебелина и дијабетис, според анкетата спроведена од британскиот весник Daily Mail.
Во истражувањето овластено од страна на британското Министерство за здравство, покажало дека половина час спиење помалку дневно во текот на седум дена, го зголемува ризикот од дебелина и придружните проблеми со срцето за 72%. А за оние кои краткиот сон во текот на шест месеци значително се зголемува отпорноста на инсулин со што се зголемува ризикот од дијабетис тип 2. Шеќерната болест ги прати ризиците за губење на видот,срцев и мозочен удар како и оштетување на нервите и крвните садови.Професорот Shahrad Taheri од Weill Cornell Medical College Катар вели:
”Ние откривме дека загубата на само 30 мин. на спиење дневно има знашителен ефект врз дебелината и инсулинската резистенција ”.
Научниците откриле дека промените на биоритамот со скратување на сонот го менува ритамот на секреција на хормони и доведува до здраствени проблеми. Претходни истражувања покажуваат дека работата во смени ја зголемува веројатноста од развивање на дијабетис за повеќе од 30%. Научници од Унивезитетот во Бристол и Weill Cornell Medical College испитувале на примерок од 552 личности,колку луѓето спијат помалку во текот на неделата во споредба со викендот и како тоа загубата на сон се одразува врз нивното здравје. Научните истражувања покажуваат дека дополнувањето на сонот треба да се вклопи во лекувањето на дебелината и дијабетисот.


