Клаудија Хамонд добила задача да посети доктор и да ја открие науката која стои зад (лошиот) здив, а на тој пат дознала многу погрешни совети кои ги имаме за него, како и да се ослободиме од сето она што го правиме погрешно. За BBC Future таа ги претставила најчестите митови поврзани со тоа.

 

1.Мит: Ако издишеш во дланката и веднаш помирисаш, можеш да почувствуваш дали имаш лош здив

Проблемот кај овој ,,метод на проверка,, е во тоа што на тој начин не го издишувате воздухот на начин на кој тоа го правите кога зборувате со некого. Најчесто се чувствуваат ,,мирисите,, кои доаѓаат од задниот дел на јазикот, a на кој и тоа како можат да се насоберат бактерии кои предизвикуваат лош здив. Можеби е најдобро едноставно да прашање некој од доверба да ви каже искрено, за да можете да поработите на тоа.

2.Мит: Ако имате лош здив, тоа ja открива болеста од која веќе боледувате

Иако е вистина дека симптомот на лош здив е можен показател за некоја болест, не е вистина и дека тој е исклучиво доказ дека нешто сериозно не е во ред со вашето тело. Лошиот здив може да биде и привремен, бидејќи сте изеле храна која довела до тоа или која се уште се разградува. Но, докторите сепак се согласуваат дека ако подолго време имате лош здив не би било лошо да посетите стоматолог. Имено, можно е да ви се расипани забите или да имате воспаление на непцата.

3. Мит: Водата за плакнење на устата е секогаш вистинското решение

Многу луѓе веруваат дека е доволно понекогаш да се плакне устата со вода за плакнење или да се земе гума за џвакање. Овие методи сепак се куси и нема чудесно да го решат проблемот. Имено, ако се ослободите од ,,премногу бактерии,, нештата можат да се станат полоши, бидејќи дел од нив се задолжени и за нормално функционирање на варењето. Затоа поефикасен метод е – пиењето многу вода. Водата ќе помогне во разрадувањето на ,,лошите,, бактерии.

 

 

4. Мит: Бактериите во устата се лоша работа

Секој човек има во истата помеѓу 100 и 200 микроби, кои какои многу други бактерии во целото наше тело имаат своја улога. Бактериите примарно не штитат и не ,,спасуваат,, од болести и од други бактерии од околината, па затоа бактериите во устата сами по себе не преставуваат ништо лошо. Најважните совети кои ќе ви помогнат кај овој проблем се избалансираната исхрана (вклучувајќи го појадокот, кој не е секогаш нешто од пекарница), многу вода, редовно и темелно миење на забите и одбегнување на пушењето

 

Тагови: лош здив
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина