Иако лабораториските истражувања покажуваат многу негови штетни ефекти, вештачкиот засладувач аспартам моментално го користат илјадници фирми како додаток во своите производи: диетални сокови, чај, кафе, какао, смрзнати десети, колачи, дури и витамински и минерални додатоци во исхраната. Со аспартам изобилуваат и диеталните кока – коли и пепси напитоци, како и оние помалку познати пијалоци кои ја носат ознаката „диет“. Листата на слатки, лекови и витаминско – минерални додатоци кои наместо шеќер содржат аспартам е предолга. Затоа, се препорачува внимателно читање на етикетата за составот на производите. Професорот по клиничка психијатрија на Универзитетот во Охајо, Ралф Волтон, ја анализирал медицинската литература преку базата на податоци MEDLINE и дошол до заклучок дека од 164 истражувања за влијанието на аспартамот врз човековото здравје, 74 од нив биле финансирани од страна на индустријата поврзана со производството на овој засладувач. Од овие 74 истражувања, ниту едно не идентификувало здравствени тегоби и проблеми кои аспартамот евентуално би можел да ги предизвика. Исто така, од седум студии кои не пронашле проблем со аспартамот, шест ги спровела Американската агенција за храна и лекови (ФДА), која и ја има дозволено неговата употреба.
Истражувачите од Американското здружение за борба против карциномот заклучиле дека консумирањето на аспартам не го зголемува ризикот од карцином, според објавеното соопштение од страна на Советот за контрола на внесени калории.

 

aspartam1

 

Инаку, аспартамот е популарен нискокалоричен засладувач кој се користи во безалкохолните пијалоци, јогуртите и други видови храна и пијалоци. Резултатите добиени од една перспективна студија вршена над 100.000 мажи и жени покажала дека неговото умерено консумирање не е поврзано со зголемениот ризик од не-Хочкинов лимфом (NHL).

Во студија објавена во списанието Journal of Nutrition, истражувачите од Американското здружение за борба против карциномот ги проучувале податоците добиени од испитаниците кои учествувале во Студијата за врската помеѓу исхраната и превенцијата од карцином и за зачестеноста и стапката на смртност од карцином во САД. На почеток на истражувањето, во 1992 година, учесниците потполниле прашалник со информации за исхраната и други фактори за начинот на живот. Контролните прашалници од 1999 и 2003 година содржеле прашања за консумирањето на вештачките засладувачи кои содржат аспартам. Резултатите од студијата покажале дека не постои значајна поврзаност помеѓу консумирањето аспартам и поврзаноста од зголемен ризик од NHL. Односно, внесувањето на аспартам, проценет врз основа на консумирањето на вештачки засладени газирани пијалоци и напитоци и употребата на кесички апсартам, не е поврзано со оваа болест. Покрај тоа, резултатите од оваа студија покажуваат дека умереното консумирање на вештачки и со шеќер засладени газирани пијалоци не го зголемува ризикот од NHL кај постарите мажи и жени. Оваа студија ги потврдува децениите на истражувања кои константно покажувале дека аспартамот е безбеден да се употребува во храната и пијалоците. А, исто така таа ги потврдува и заклучоците на Националниот институт за истражување на карциномот, кој утврдиле дека аспартамот не го зголемува ризикот од карцином.

Аспартамот, како што може да се види, е еден од најтемелно проучуваните состојки во храната. Водечки регулаторни и државни тела, вклучувајќи ја и Американската Агенција за храна и лекови, Агенцијата за јавно здравје на Канада и Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА), постојано ја потврдуваат неговата безбедност. Врз основа на Студијата за исхрана и здравје на Американската асоцијација нa пензионери (AAРП), во рамките на Националниот институт за јавно здравје (НИХ), Националниот институт за истражување на карциномот заклучил дека аспартамот не е поврзан со развојот на карцином на мозокот, леукемија или лимфома.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина