9 намирници кои предизвикуваат зависност
Познато ви е она чувство кога ќе почнете да јадете чипс и не можете да престанете? Или чоколада? Сте сакале само една коцкичка, а некако сте ја изеле целата чоколада? Дали сте можеби зависни? Се чини дека да. Бидејќи постои храна која навистина предизвикува зависност. Одредени намирници ни даваат таков налет на задоволство, што од првиот залак нашиот мозок го сака тоа и сите тие комбинации од рафинирани јагленохидрати ги препознава како награда. Во една неодамнешна студија, доктор Никол Авена, која ја истражува зависноста од храна, ги има одделено намирниците кои можат да предизвикаат зависност и кои можат слободно да се опишат како заразни, односно намирници кои не можеме да престанеме да ги јадеме. На врвот од оваа листа се наоѓа преработената храна, која има многу масти и шеќери, а многу малку влакна, чија функција е да го забрза варењето.
Ова се деветте најозлогласени намирници:
1. Пица
Пицата е секогаш на списокот на нездрава храна, бидејќи во најголем број случаи се подготвува со преработени намирници, како што се на пример саламите.
2. Чоколада
Ако не можете без чоколада, тогаш изборот треба да ви биде темната чоколада. Млечната чоколада содржи многу масти. Затоа темната е подобра. Може да ви се чини горка, но по некое време, кога ќе се навикнете на вкусот, тоа нема да биде случај, додека млечната чоколада ќе ви биде преслатка.
3. Чипс
Чипсот, како и другите грицки како што се крекерите, во голема мера се преработени. Исто така, тие се многу солени и со тоа даваат чувство на моментално задоволство, но не ве држи долго време сити. Тоа е и причината поради која не можеме да се сопреме кога ќе почнеме да ги јадеме. Ако веќе не можете да им одолеете, побарајте ја најмалата солена варијанта.
4. Сладолед
Кога се работи за сладоледот, малите порции се клучни, наместо оние семејните пакувања.
5. Торта
Ист случај како и со сладоледот. Тешко да изедете само едно парче, а да не посакате уште едно. Се работи за ограничувањето и учењето да кажете не. Размислувајте вака: не сте партибрејкер ако не сакате да земете парче торта за роденденот на колегата или пријателот, туку едноставно не ви се јаде торта.
6. Помфрит
Помфритот од продавниците за брза храна секогаш ќе предизвикува зависност. Најдобро е да го подготвувате сами и притоа да користите свеж компир. Готовиот помфрит од супермаректите е исто така нездрав, бидејќи содржи шеќер. Сепак, според Авена најдобро е компирот да се пече наместо да се пржи во масло.
7. Чизбургери
Чизбургерите се полни со преработки, а најчесто и не е во прашање месо. Повторно е најдобро да ги правите сами, бидејќи идејата е да се ослободите од обработените делови од оброкот. Авена предупредува дека пречестото консумирање црвено месо се поврзува со зголемениот ризик од колоректален карцином, дијабетес тип 2 и срцеви болести.
8. Снегулки
Главен виновник овде е шеќерот, посебно ако е во комбинација со нискиот процент на влакна. Се препорачува при изборот на нивото на содржина на шеќер во житарките да се бараат оние кои содржат повеќе од четири грама шеќер по оброк.
9. Поховано пилешко
Тоа не е пилешко од кое лесно се откажуваме. Крцкаво е, масно, солено и пржено во многу масло. Подобро печете го ова пилешко во рерна.


