Оброците кои можат да се купат на секој чекор или пак оние кои брзо можат да се приготват, им се особено примамливи на оние кои имаат брз стил на живот. Предноста е секако, заштедата на време при подготовката, исклучително е слатка и заразна ваквата храна, а згора на сето тоа, е и исклучително нездрава. Тешко е да се спротивставите на преработената храна, која има и пристапни цени, па заради тоа и многумина не размислуваат за тоа какви последици може да има врз здравјето. Тешко е да ја елиминирате сета преработена храна од употреба, но можете барем да исфрлите одредени намирници кои се наоѓаат на најцрната листа- односно се познати како најнездрави намирници кои можете да ги купите.

Помфрит

 

Пржените компирчиња содржат многу калории, а ако често ги консумирате можете лошо да влијаете на дијабетисот и контролирањето на тежината, а освен тоа, хранливите вредности на помфритот се многу ниски. Кога ќе посакате компирчиња, подобро испечете ги во рерна.

 

Чипс и останати пржени грицки

 

Споменатите грицки ќе ги уништат вашите напори да го намалите бројот на килограмите. Содржат многу сол, калории и конзерванси. Сиромашни се со хранливи вредности и влакна, заради што го забавуваат варењето.

 

Виршли и останати месни преработки

 

nezdravi-jadenja_1

 

Повеќето месни преработки на пазарот содржат многу вештачки вкусови, соли и конзерванси. Механички одвоеното месо обично се обработува под екстремен притисок и температура, заради што ги губи нутритивните вредности.

 

Хамбургери и останата брза храна

 

Доколку често јадете хамбургери, чикенбургери и останата брза храна зголемени ви се шансите да заболите од дијабетис. Една неодамнешна студија покажала дека жените кои два или повеќе пати неделно јаделе хамбургери имаат поголема шанса да добијат дијабетис од оние кои не јаделе толку често брза храна.

Пилешки прсти

 

Овој привлечен и универзален оброк е многу популарен бидејќи брзо и едноставно ја задоволува гладта. Пилешките прсти може да имаат повеќе сол, конзерванси и масти отколку што е потребно, па подобро за вашето здравје би било да ги избегнувате.

 

Готови колачи, кекси и пецива

 

Сите овие намирници се ставени во иста група бидејќи нивниот ефект врз здравјето е сличен. Освен високите нивоа на соли и шеќери, овие намирници може да содржат и трансмасти кои се додаваат во храната заради поголемата економска исплатливост во споредба со здравите масти. Трансмастите исто така го продолжуваат векот на траење на овие намирници и го подобруваат нивниот надворешен изглед.

 

Пуканки за во микробранова печка

 

Ова е една од најнездравите намирници. Освен генетски модифицираната пченка, веќе неколку години по ред, здравствените научници велат дека пуканките кои се подготвуваат во микробранова печка содржат хемикалии кои можат да предизвикаат рак и проблеми со белите дробови. Компаниите кои продаваат пуканки за подготовка во микробранова печка, ги обложуваатт кесичките во кои се продаваат пуканките со опасната супстанца перфлуорооктаничка киселина (PFOA), која може да предизвика рак. Освен тоа, вкусното лажно мсало во кое се потопени зрната во кесичката ја содржи хемикалијата диацетил, познат подобрувач на вкусовите, кој се поврзува со болести на душникот и белите дробови.