SEX-MYTH-1

Постојат толку многу секс митови што е тешко да се утврди што е невистина, а што е факт. Од големината на пенисот, преку Г-точката и различните афродизијаци – како да познаеме што е вистина, а што е само измислица што сме ја слушнале од некој пријател? За среќа, двајца експерти во ова поле- Рејчел Ц. Вримен и др. Арон Е. Керол, направија фантастична работа и во својата книга Dont Put That In There! And 69 Other Sex Myths Debunked ни ги претставија најновите научни истражувања кои ни гпомагаат да направиме разлика помеѓу урбаните легенди и фактите.

Мит 1: Жените навистина се грижат за големината на пенисот

Се разбира, на некои жени можеби им е навистина важно, но генерално истражувањата покажуваат дека големината на пенисот им е многу поважна на мажите отколку на жените. Во анкетата спроведена на 50.000 хетеросексуални луѓе, 85 отсто од жените всушност рекле дека се задоволни од големината на пенисот на својот партнер, додека само 55 отсто од мажите всушност се задоволни со големината на својот пенис.

Мит 2: Консумирајте чоколадо и остриги за поубаво и посекси расположение

“Не мора да значи”, вели Вримен. Нема докази дека било која од овие намирници има јасно влијание врз сексуалната желба или расположение. Сепак, умот е моќна работа кога станува збор за сексот, објаснува таа, па така ако некоја намирница ве потсетува на одреден дел од телото или е поврзана со некој култен мит за сексуалноста, може лесно да ве инспирира и се препорачува да ја употребувате за да го зачините својот сексуален живот.

Мит 3: Стимулацијата на клиторисот е неопходна за доживување оргазам

Всушност, жените можат да доживеат оргазам на десетици различни начини. Од стимулација на градите и брадавиците до вагинална или анална пенетрација, постои широк спектар на патеки до целта, а клиторисот е само една од нив. И интересен е и фактот дека оргазмите кои произлегуваат од допирање на други делови од телото (освен гениталиите) се нарекуваат зонски оргазми, велат секс-експертите Вримен и Керол.

Мит 4: Само мажите имаат влажни соништа

Влажните соништа се, што би се рекло, моментот кога ќе доживеете оргазам додека спиете, а ние сме склони да ги поврзуваме исклучиво како феномен кој го доживуваат мажите (додека тинејџерите особено). “Сепак, во една студија спроведена во 1986 година, истражувачите испитувале 245 жени во еден американски универзитет и истражувањата покажале дека само 37 проценти од нив никогаш не го доживеале ова искуство, додека 30 проценти од нив имале барем по еден оргазам кој го доживеале при спиење изминатата година”, пишуваат во својата книга Вримен и Керол. Се разбира, ова е стара студија, но врз основа на истражувањето тие дошле до заклучок дека Жените дефинитивно може да доживеат оргазам во сон.

sex_mit_naslovna

 

Мит 5: Сексот ќе ви помогне да изгубите килограми

Ех, колку би било убаво ова да беше вистина. Сексот согорува калории, но само околу 85 до 150 калории, и тоа за однос со времетраење од 35 минути. “Бидејќи морате теоретски да согорите околу 3500 калории за да изгубите половина килограм од вашата телесна тежина, треба да имате секс околу 35 пати за да изгубите еден килограм,” пишуваат Вримен и Керол. И, за жал, кај повеќето луѓе сексот не трае особено долго, за да може да се почувствува ефектот. Во просек, отчукувањата на срцето за време на сексот се слични како на отчукувањата при качување на втор кат. Значи, тоа не е толку бескорисно, но сепак не можеме да ја прескокнеме посетата на фитнес салата!

Мит 6: Нездраво е да се проголта спермата

“Некои луѓе мислат дека спермата има многу калории, додека други велат дека тоа е нехигиенски. И двете мислења се погрешни”, пишуваат Вримен и Керол. Човечката уста содржи многу повеќе бактерии отколку што бактерии има во спермата. Всушност, поголемиот дел од ејакулатот е стерилен, освен доколку лицето кое го произведува нема некоја полова инфекција. Значи, во долга врска, каде што добро го познавате својот партнер слободно можете д го практикувате ова!

Мит 7: Мажите го достигнуваат сексуалниот врв во тинејџерските години, а жените во доцните дваесетти години

Погрешно. Не постојат научни докази за достигнување на врвот на сексуалноста, објаснува Вримен. Жените имаат на ум дека мажите го достигнуваат врвот порано, а жените подоцна. Но, како всушност би можело да го дефинираме – врвот на сексуалноста? Кога имате најмногу секс или пак најмногу оргазми? Постојат толку многу фактори што е невозможно да се утврди една единствена старосна граница за мажи и жени, која би го означувала врвот на нивната сексуалност. Овој мит е особено штетен кога жените се чувствуваат виновни, или пак кога чувствуваат дека нивните најдобри години за секс се зад нив. Сексуалната желба е променлив процес и се однесува на многу повеќе други фактори, отколку само годините.

Мит 8: Секоја жена има Г-точка

Ах, таа фамозна Г-точка, светата кралица на оргазмот. Но, се испостави дека истражувачите сеуште не се целосно сигурни дали оваа точка навистина постои, како и тоа дали сите жени ја имаат. “Не постојат докази според кои науката може да го докаже или негира ова”, вели Вримен. Не постои начин преку кој ова би можело да се види на скенер, но често постојат места во телото каде се спојуваат нервите и протокот на крв заедно. Сепак, други истражувачи се непопустливи и цврсти во ставот дека оваа точка дека постои и тоа е навистина прекрасно. Заклучок: Ако жената ја нема оваа точка, таа не мора да се оптоварува со нејзиното пронаоѓање, но секако може, доколку тоа и причинува задоволство, предлага Вримен. Само фокусирајте се на доживување на сексот на начин на кој вие се чувствувате пријатно.

Мит 9: Оралниот секс е побезбеден од вагиналниот секс

Само во поглед на спречување на бременоста, за жал. Иако полесно се пренесуваат инфекциите преку вагинален секс, преку орален секс исто така може да се пренесат инфекции. Херпес, кламидија и гонореја, можат да се прошират и преку орален секс, освен ХИВ и ХПВ вирусите. Значи, советот е да бидете претпазливи, доколку не сте сигурни околу статусот на вашиот партнер, најдобро би било да користите кондом.