sistematski_naslovna

Вашето тело е карта од која можете се да прочитате. Само 60 секунди е доволно за со помош на неколку брзи и лесни домашни самопрегледи да откриете во каква состојба е вашиот организам. Проучете ги своите дневни рутини и направете краток и ефикасен систематски преглед.

Погледајте во своите очи

Белката од окото може многу да открие за вашето здравје. Таа би требало да биде со чиста и бистра бела боја. Црвенилото во очите го предизвикуваат ситните крвни садови кои, од одредени причини, се шират и стануваат повидливи, а белката може да стане и жолтеникава. Направете тест така што седум дена по ред на дневна светлина ќе ги набљудувате белките. Ако нивната боја се менува, причини за тоа можат да бидат ненаспаност, иритација, алергија или напор, но ако таа остане непроменетапобарајте помош од лекар.

Погледнете ја својата четка за коса

Опаѓањето на косата може да биде показател за широк спектар на промени во организмот.Ако после чешлањето, на четката забележите многу повеќе влакна од вообичаено, детално исчистете ја четката и при следното чешлање избројте ги влакната. Губењето на околу 100 влакна дневно е нормално, но ако бројот на изгубенивлакна е над 200 илои ако косата ви опаѓа во прамени време е да се посоветувате со лекар.

sistematski_1

Издувајте го носот

Нормалното дишење подразбира и нормална состојба на слузницата во носот.Но, и најмала промена во организмот може да ја измести оваа состојба. Издувајте го носот во бело хартиено марамче. Ако не издувате ништо, вашата слузница е здрава. Ако издувате течна прозирна слуз најверојатно се работи за иритација, промена на температурата или алергија. Жолтеникавата или зеленкаста слуз е знак за некое воспаление кое би требало да го следите.

Погледнете ги своите нокти

Здравиот нокт е цврст, бистар и прозирен. Било каква промена на неговата површина може да биде показател на некој помал или поголем проблем. Секој нокт прегледајте го детално и обрнете внимание на тоа дали на него има некакви значајни промени. Белузлавите дамки може да значат недостаток на одредени витамини и минерали во организмот, а жолтеникавите даки можат да упатуваат на некоја габична инфекција. Доколку забележите таква или слична промена бидете внимателни и следете ги промените. Ако ситуацијата се влошува или менува, а не исчезнуваат овие појави, побарајте помош од експертите.

Погледнете го конецот за заби

Чистењето со забен конец е важен дел од хигиената на усната шуплина. Но, ваквата рутина може да биде показател на некои поголеми промени во вашата усна. Со парче конец исчистете го просторот помеѓу непцата и забите. Доколку забележите дека крварите, не мора да се вознемирувате, бидејќи тоа може да биде показател и на чувствителни непца или помали инфекции која со чистење со конец можат да се решат. Но, ако вашите непца и после чистењето не престанат да крварат, побарајте совет од вашиот стоматолог.

Погледајте ја својата урина

Нормалната боја на урината би требало да биде со бистра свето жолта боја. Но, промените во урината можат да бидат предизвикани од бројни фактори како храна, пијалоци, но и некои други здравствени тегоби.

Прегледајте ја својата кожа

Ракот на кожата е втората најчеста болест кај жените помеѓу 20 и 29 години. Токму заради тоа, самопрегледот на телото е многу важен. Од време на време, детално прегледајте ја кожата и тоа од лицето и вратот па се до стапалата. Доколку забележите на кожата некои необични промени или нови младежи, дамки или депигментација побарајте совет од лекар.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.