Состојки:
  • 400 гр. печурки шампињони или буковки
  • 2 чешниња лук
  • половина главица кромид
  • 3 шолји супа од зеленчук
  • 1 шолја индиски ореви
  • маслиново масло
  • сол
  • оригано, рузмарин
  • босилек

Подготовка:

Индиските ореви ставете ги во вода да отстојат околу еден час. За тоа време подгответе ги останатите состојки. Супата можете да ја подготвите така што во 4 шолји вода ќе сварите малку морков и други зеленчуци кои ги имате при рака, ке им додадете магдонос, сол и зачинал. Печурките исечкајте ги на листови и на кратко издинстајте ги во тава на маслиновото масло заедно со лукот и кромидот, околу 5 мин. Намалете го огнот и додате им 3 шолји од супата и оставете да врие на тивок оган 45 минути. Индиските ореви ставете го во блендер заедно со половина шолја вода, изблендирајте ги во кремаста смеса и додадете ја смесата во супата. Потоа ставете ги зачините и солта и промешајте. Оставете ја супата да вари на тивок оган уште 20-тина минути.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина