Годините пред Втората светска војна била произведена белата чоколада; мешавина од шеќери, какао и путер. Многумина веруваат дека Швајцарците први во 1930 година ја произвеле со оглед на тоа што се познати ширум светот како најдобри во производството на слатки и чоколадни производи. Низ историјата, откриено било дека, ако на белата чоколада и се додадат разни додатоци, ја зголемуваат нејзината разновидност. Меѓу првите тоа го направил Нестле, уште во далечната 1948 година, кога на белата чоколада и додале парчиња бадеми.

 

Иако денес многумина сметаат дека белата чоколада всушност и не е чоколада поради состојките кои ги содржи, сепак нејзината позитивна страна не може да се негира. Само 8 грами бела чоколада во себе содржи калциум, кој помага во зачувување во зачувување на здравјето на срцето, мускулите и нервниот систем. Помага во превенцијата на алергиите и депресијата. Покрај тоа содржи фосфор и витамин Б2. Фосфорот е важен минерал кој влијае на нашиот раст и развојот на клетките, додека витаминот Б2 е важен за функцијата на нашиот метаболизам.

 

Освен што е вкусно, ова слатко може да има позитивни ефекти на нашето здравје.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина