8 ајурведски зачини кои лекуваат
Ајурведата е една од најстарите науки. Датира од 3000 година п.н.е., кога корениите и концептот нејзин биле утврдени од страна на индиските мудреци напишани во книгата Ведас, уште позната како античка книга на знаењето. Таа е холистички систем на лекување, кој се базира на верувањето дека нашето здравје зависи од балансот меѓу телото, умот и духот. Исто така, го подразбира здравјето како наше право кое го добиваме по раѓањето и дека здравиот, долг живот е можен ако се придружуваме до здрава диета и начин на живот, како и ако користиме зрави билни лекови. Постојат 20 различни видови на Ајурведски третмани, од масажа (Abhyanga) до вежи за дишење (Pranayama) јога и билни лекови – се зависи од видот на здравствени поблеми што ги има поединецот. По консултацијата со ајурведскиот доктот, препорачаната терапија воглавно вклучува промена во животниот стил, а посебно во начинот на исхрана.
Многу од билките кои се користат во ајурведската медицина имаат ефект на антиоксиданси, што значи дека можат да заштитат од разни видови болести, како што се срцевите заболувања и артритисот. Овде ќе ви ги претставиме 8 најздрави зачини кои често се користат во индиската кујна, а време е да почнете и вие да ги користите во својата при подготовка на омилените јадења.
1. ЦИМЕТ
Циметот потекнува од внатрешната кора на дрвото Cinnamomum Zeylanicum, кое најмногу расте во Индија, Кина и Шри Ланка. За него е докажано дека го намалува нивото на шеќер во крвта и дека има антидијаетично дејство.
2. КУРКУМА
Куркумата е зачинот кој му ја дава жолтата боја на кавијарот. Во составот на оваа била се наоѓа соединението куркумин, кој е моќен антиоксиданс кој ги зголемува ензимите на антиоксидансите во телото. Куркуминот е исто така силен антиинфламатор (има дејство против болките исто како и ибубруфенот) до толку што дури и делува како некои од лековите против болка. Користете го свежиот корен на куркумата во чај или во разни шејкови за детокцификација.
3. ЃУМБИР
Ѓумбирот е популарен зачин во многу облици во билната медицина. Истражувањата покажале дека еден грам ѓумбир е доволен за престанување на мачнините и за намалување на ризикот од рак на дебелото црево, така што го намалува воспалението на цревета на ист начин како и аспиринот. Чај од ѓумбир, сушен ѓумбир, закиселен или свеж во шејкови се само од некој од начините за користење на оваа билка.
4. КИМ
Кимот може да се користи и како цело семе или сушен, свеж или суво печен. Во индиската кујна се користи со векови, а и денес Индија е негов главен произведувач. Во Ајурведа, овој зачин се користел за третирање на разни здравствени проблеми бидејќи е антисептичен, се користи против болки и има антиоксидативно дејство. Еден од најдобрите лекови е за лошо варење и стомачни проблеми.
5. КОМОРАЧ ИЛИ ДИВА МИРОДИЈА
Оваа билка е многу добра за варење. Во Индија, јадењето на неколку семки на коморачот по јадење е постојана навика, а понекоаш се меша и со кристалите на шеќерот. Семките имаат сладок вкус, додека сушениот коморач е одличен за употреба како зачин.
6. КОРИЈАНДЕР
Коријандер или силантро се користи како додаток на вкусовите во оброк или како лековита билка уште од дамнешни времиња. Семките и листовите на оваа билка се користат за многубројни здравствени проблеми. Има антиинфламаторно, антиоксидативно, антисептично и диуретично дејство. Се користи за третирае на здравствени проблеми како што се артритис, гасови или инфекции на уринарниот тракт.
7. ЧИЛИ
Активната состојка во чили пиперчињата се нарекува капсицин, кој многу добро се има покажано во намалување на апетитот и зголемено согорување на мастите според многу истражувања. Исто така, се користи и во третмани против болка во мускулите, болки при заболувања од херпес зостер и болки кои се поврзани со дијабетесот.
8. ГРЧКО СЕМЕ
Грчкото семе често се користело во Ајурведа, најмногу зазголемување на либидото и машкоста. Скорешните истражувања докажале дека оваа билка влијае врз нивото на инсулин, со што помага до значително намалување наивото на нивото на шеќер во крвта.