Кога се работи за јакнење на имунолошкиот систем на природен начин, бета глуканот секогаш се наоѓа на врвот. Но, бидејќи нашето тело не го произведува, најдобар начин тој да се внесе во организмот е од надворешни извори, како што се пивски квасец, шитаке печурки и житарки, првенствено јачмен, зоб, рж и пченица или преку додатоци во исхраната кои го содржат во значајни концентрации.

Потврдено е дека бета глуканот делува како имуномодулатор, што значи дека активира каскада од настани кои ја поттикнуваат работата на имунолошкиот систем и така го прават поефикасен. Имено, бета глуканот ја активира активноста на макрофагите, свестрани имунолошки клетки кои ги униптуваат патогените и ги поттикнуваат другите имунолошки клетки на одбрана на организмот. Освен тоа, бета глуканот ги стимулира и белите крвни зрнца (лимфоцитите) кои се врзуваат за туморите или вирусите и ефикасно го уништуваат.

 

Го снижува холестеролот

Веќе се познати здравствените предности на исхраната богата со заб за здравото срце. Тоа е делумно затоа што зобот е добар извор на растворливи влакна на бета глукан. Во истражувањето спроведено од страна на Beltsville Human Nutrition Research Centar од Мериленд, бета глуканот бил концентриран во облик на естракт од зобени влакна за да може полесно да се вклопи во типичната исхрана. Машки и женски учесници од студијата со малку повишен холестрол се придржувале до посебен режим на исхрана, што вклучувало и екстракт од зобени влакна со 1% или 10% бета глукан. По пет дена, двете групи покажале значајно намалување на вкупниот холестерол и липопротеини со ниска густина (ЛДЛ).

Поддршка во борбата со малигни болести

Поради околу 560.000 смртни случаи од рак секоја година, истражувачите со десетлетија се во потрага по препарати кои би помогнале во борбата против ракот. Еден од нив би можел да биде лентинан, вид бета глукан кој се наоѓа во шитаке печурките, ако и го потиснуваат формирањето и развојот на туморите и ги намалува нус-појавите предизвикани од лекувањето на ракот, како што сугерира истражувањето спроведено во јапонскиот Биотехнолошки истражувачки центар Теикио од Токио, Јапонија.

Збогум на инфекциите и проливите

Истражувањата врз бета глукан покажуваат дека тој му помага на телото во борбата со бактериите отпорни на лекување со антибиотици и вируси, а кои предизвикуваат инфекци на горните дишни патишта. Во болницата Brigham and Women’s во Бостон, Масачусетс, САД, научниците откриле дека бета глукан ја засилува ефикасноста на антибиотиците кај стаорците заразени со бактерии отпорни на антибиотици, како што се Ешерихија коли и Стафилококус ауреус. Резулатите покажале дека ПГГ глуканот во комбинација со антибиотици дава подобра заштита ос смртоносните зарази со Ешерихија коли и Стафилокосу ауреус во споредба со самиот антибиотик.
Се чини дека бета глуканот исто така помага при ублажување на симптоми на настинка и со тоа го намалува бројот на денови поминати на боледување. Една студија спроведена во Montana Center for Work Physiology and Exercise Metabolism ја истражила способноста на бета глуканот во ублажување на инфекиите на горните дишни патишта, при што испитаниците кои земале бета глукан имале помалку инфекции (23 %) на горните дишни патишта во споредба со онаа група испитаници кои земала само плацебо.
Иако не постои волшебен лек со кој можеме да ги елиминираме сите болести, резултатите о истражувањата покажуваат дека додавањео на бета глуканот во секојдневната исхрана – или во облик на додатоци на исхраната или пеку намирници богати со бета глукан – може да игра значајна улога во превенцијата и полсното совладување на широка лепеза разни болести.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина