7 вежби за нозе кои можат секаде да се прават
Нозете ни се изградени од најголемите и најсилни мускулни групи во телото, па од тука е сосема разбирливо што повеќето од луѓето ги вежбаат со тегови или опрема која може соодветно да ги набила. Понекогаш, потребна е голема тежина за да може да се почувствува тоа чувство на ,,горење,, во нив. Сепак, тие можат да се вежбаат и без употреба на било каква опрема. Со вистинските движења, можно е и со сопствената тежина да се почувствува тоа ,,горење,,. Освен тоа, кога не може да се појде во теретана, овие вежби без опрема се добредојдени.
Силен долен дел од телото е важен за секојдневните активности – како што е одењето или трчањето – но тој исто така игра улога во стабилизирањето на помалите мускули и зглобови, како оние на колената, со цел да спречи да дојде до повреди.
Кога станува збор за вежби за нозете со употреба на тежина на телото, постои можност за разни варијации, од брзи рутински вежби, преку пилатес се до балетски инспирирани движења за сила. Ова се седум вежби за нозе кои можат секаде и во секое време да се направат. Дома, во хотел, па дури и на плажа.
1. Разбудете ги мускулите на нозете со оваа 15-минутна пилатес рутина
Бутовите ќе ви горат на најзадоволителен можен начин. Најдобриот дел е што нема дури ни потреба да станете од покривката за да ја направите оваа вежба за нозете. Токму така. Добро прочитавте.
2. Испробајте ја оваа 16-минутна вежба без чучнувања
Оваа вежба е одлична за почетници (но и за секој кој мрази чучнувањаа). Исто така е безбедна во случај да имате повреди или проблеми со колената.
3. Оваа 20-минутна вежба значи пот… но и раздвижување на мускулите
Ако сте уморни од истите стари и здодевни вежби за нозе, обидете се со овој облик кој меша од се по малку. Оваа вежба има само пет движења, а секое треба да го направите по шема 5x5x5. Ова значи пет повторувања, пет брзински изведувања на вежбите и пет повторувања на истото. И тоа пет пати. Ако немате доволно време, можат и да се прават и по шема 4x4x4.
4. Овие чучњеви работат на мускулите на нозете, задникот и стомакот
Со оваа убиствена вежба не само што ќе ги зацврстите мускулите на нозете, туку истовремено ќе работите и на мускулите на задникот и стомакот.
5.Ако сакате да работите на внатрешните бутови, пробајте ја оваа 10-минутна вежба
Забрзаните движења, како што се ножичките, даваат сила и го тераат срцето побрзо да работи. Ако ви е потребно повеќе, тогаш оваа вежба е дефинитивно наменета за тоа. За само 10-минути ќе ги зацврстите мускулите на внатрешните бутови.
6. Имајте цврсти нозе со оваа вежба инспирирана од балетот
Нека ви горат нозете со овие балетски движења. Оваа бавна, но ефикасна вежба, ќе ви помогне да добиете силни нозе како кај балерините. Притоа, ќе почувствувате затегнување и на задникот. 5, 6, 7, 8…
7. Ова движење, кое може секаде да се изведува, ќе ви го забрза пулсот и ќе ви ги извежба нозете до совршенство
Со оваа ефикасна вежба многу брзо ќе го согорите вишокот на калории, ќе ви се забрза пулсот, а нозете ќе ги тонирате.