Зачестени грчеви во стомакот, но и симпоми како слабост, губење килограми и алергии укажуваат на интолеранција на глутен, протеинот кој се наоѓа во пченицата, јачменот и ржта. И, додека голем број луѓе сметаат дека производите од споменатите житарки се единствените кои содржат во себе глутен, се лажат всушност. Имено, тој е сеприсутен во преработената храна.

Во продолжение откриваме изненадувачки намирници кои кријат глутен во себе:

1. Преливи за салати

 

Бројни произведувачи на вкуси сосови и маринади за салати користат пченица, која служи за згуснување на текстурата. Со цел да одбегнете допир со глутен, сосовите можете и сами да ги подготвите, и тоа многу лесно. На пример, една лажичка сенф измешајте со сок од половина лимон или јаболков оцет, додадете малку сол и црн пипер и веќе имате многу вкусен прелив за салата.

2. Мувлосани сирења

Вкусните сирења со мувла, како што е, на пример, популарната горгонзола, многу често во себе содржат глутен, бидејќи произведувачите сакајќи да го забрзаат настанокот на сините мувли додаваат парчиња леб. Имено, квасецот од лебот го забрзува брзото мувлосување.

3. Коцки за супа

Адитивите односно засилувачите на вкусови се главната состојка на бројни преработени намирници, а на малтодекстринот треба да обратат внимание оние кои одбегнуваат глутен. Имено, тој е скриен глутенски производ во коцките за супа.

4. Кисели краставички

Сокот од краставичките е мешавина од слад и оцет, кој по својот состав е сличен на пивото и често содржи во себе глутен. Затоа при купување на омилената зимница внимателно прочитајте го составот на етикетата.

5. Виршли и паштети

За вкусниот и примамлив вкус на виршлите и паштетите заслужни се бројни адитиви и конзерванси, а таквите во себе многу често содржат глутен.

 

6. Соја сос

Една од главните состојки на соја сосот е глутенот, а паметна замена за него е тамари сосот, чијшто состав е сочинет од чиста соја, вода и морска сол, без додаток на пченица.

7. Сладолед

При испробување на нови примамливи вкусови сладолед, обратете внимание задолжително на составот на овој десерт. Честопати во него има јачменов слад или парченца тесто. Освен тоа, погоните каде се произведува се оние исти погони каде се обработува пченицата.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина