Состојки:

 

  • 120 гр. бело пченкарно брашно
  • 40 гр. интегрално пченкарно брашно
  • 40 гр. интегрално ржено брашно
  • 10 гр. ленено семе
  • 150 мл. вода
  • 1 лажичка мак во зрно
  • 1 лажичка сол
  • 5 лажици екстра ладно цедено маслиново масло

Подготовка:

 

Варете го лененото семе во 150 мл. вода, 5 минути од почеток на варењето, на тивок оган. Оставете го да се олади. Трите видови брашно, солта, макот и маслиновото масло ставете ги во блендер и додадете го свареното и оладено ленено семе. Измиксајте ги за да добиете воедначена смеса. Ако се чини многу сува, додатете и малку вода. Смесата ставете ја на работнаа површина и измесете ја кратко. Тестото оставете го да се домори 15-20 минути. По ова време расукајте го тенко на побрашнета површина и сечете правоаголници. Редете ги на плех обложен со хартија за печење и печете 10-15 минути во рерна загреана на 200°C.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина