Сигурно никогаш немате помислено дека изборот на долна облека, како и нашите навики, можат да влијаат на здравјето не само на нашиот интимен дел, туку и целокупно. За да се однесувате со почит кои овие делови, одбегнете ги овие 7 најчести грешки.

1. Носите претесна долна облека

 

Претесна долна облека, односно претесни гаќички може да предизвикаат чешање и вагинална иритација, посебно кај жените кои се во постменопауза.

2. Носите долна облека која го обликува телото

 

Долната облека која ја стега и обликува половината, но и претесните најлонки, можат да доведат до здравствени компликации. Честото носење на ваквата долна облека може да предизвика оштетување на нервите и да ја намали циркулацијата. Веднаш откажете се од долната облека поради која ви се појавува вкочанетост на одредени делови од телото

3. Долна облека која е од синтетика и свила

 

Синтетиката и свилата не дишат, и поради тоа за нив треба да се одлучите само за во посебни пригоди. Секојдневно носете само памучна долна облека, или барем осигурајте се делот кај најинтимните делови да биде од памук.

4. Носите танги

Танга никако не смеете да имате меѓу вашата долна облека доколку сте подложни на развој на бактериски и габични инфекции, но и ако не сте подложни, треба да знаете дека тангите се одлично преносливо средство на инфекциите од вагиналниот дел на дел од анусот.

5. Долна облека носите во текот на ноќта

Многу стручњаци советуваат да спиете без долна облека, ако се чувствувате така удобно. Но, тоа посебно им се советува на оние кои често се потат во текот на ноќта.

6. Не носете долна облека во текот на денот

Ако сакате да одите без долна облека во текот на денот, под голем ризик ги ставате своите интимни делови. Иако тогаш имаат најмногу воздух, рабовите од долната облека може да ги изиритираат интимните делови. Посебно се советува да се одбегнува да се оди во куси панталони, здолништа или фустани, бидејќи нема што да го впие вагиналниот исцедок, па поради тоа може повторно да дојде до иритации или инфекции.

 

7. Засилено се потите на интимните делови

Доколку долу повеќе се потите отколку што е потребно, долната облека треба да ја менувате два до три пати во неделата. Иако тоа звучи како малтретирање, тој чекот ќе превенира развој на габи, кои посилно се развиваат во топли и мокри опкружувања.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина