Ова се најчестите 7 лаги кога станува збор за здравата исхрана:

1. Заситените масти се лоши за срцето

Целиот живот ви кажувале дека исхраната богата со масти не е добра за вашето срце и холестеролот. Дека путерите, кремовите, сирењата, шницлите и вашите омилени меса полека водат кон неизбежен срцев удар. Вистината е дека тоа се бесмислици. Една студија која вклучувала 350.000 луѓе, од кои 11.000 имале срцеви заболувања, и која траела 14 години, дошла до заклучок дека НЕ ПОСТОИ врска помеѓу заситените масти и срцевите заболувања.

2. Мора да јадете барем по 5 оброци на ден за да ослабнете

Лудилото на личните тренери и дијабетичари кое гласи,,јади пред да огладниш,,, и ,,застани пред да се заситиш,, е метод кој се користи веќе со децении. Но, изгледа дека грешат. Судејќи според студиите, честите оброци не и помагаат на фигурата на луѓето кои поголем дел од денот го минуваат седејќи. Едноставно е – ако не сте професионален спортист, или не вежбате повеќе од 6 – 8 часа неделно – нема да го загубите вишокот килограми со овој метод. Поважно е што ставате во устата, а не кога.

 

lagi-za-hrana

 

3. Јагленохидратите ве прават дебели

Сите сте го имале ова чувство. Она гласче на вина кога ќе изедете некоја кришка повеќе… Но, дали навистина треба да се чувствувате виновно поради ефектот кој јагленохидратите го имаат врз вашата линија? Па, доколку имате намера да се ,,давите,, во крем од карамела, ја изедете сопствената тежина во облик на палачинки, или живеете на чоколатца – да, тогаш сигурно ќе се здебелите од тоа… Но, ако свесно се трудите да јадете здрава храна, минимално процесирана, тогаш нема потреба да се грижите. Се додека ја балансирате својата исхрана, не мора да се грижите за некој јагленохидрат плус. Дури, можат да ви ја дадат енергијата која ви е потребна за остатокот од денот.

4. Овошните сокови се здрави

Дали некогаш сте купиле еден од оние сокови кои божем имаат во себе 30 различни овошја, половина зелка и цела една нива со спанаќ? Знаете што?Повеќето од овие сокови всушност содржат се што се рекламира, само што тоа не ги прави здрави.

Размислувајте за себе на овој начин некој да го стави сето тоа овошје пред вас, ќе можете ли да го изедете цело? 5 портокали, 2 банани, јаболки, манго, праска и еден морков? Веројатно не. Всушност, проблемот не е само во овошјето, туку е и во фруктозата. Истражувањата дури укажуваат на тоа дека доколку внесувате големи количини фруктоза секојдневно, не само што ќе се здебелите, туку можете да почувствувате и многу други несакани последици. Ако сакате да се храните здраво, држете се до водата, црното кафе и чаевите.

5. Немрсната храна е НАВИСТИНА здрава

Не. Дури спротивно. Британскиот нутриционист Бен Комбер порачува – кога ќе го слушнете зборот ,,немрсна храна,, треба да помислите ,,бура од хемиско срање!,,. Бидејќи кога ќе се отстранат сите масти од храната, производот се полни со хемикалии, од кои повеќето се штетни, а најголемиот злосторник е аспартамот.

6. Броењето калории е многу важно

Секојпат кога сте броеле калории – сте го правеле тоа погрешно. Токму така. Сите оние часови, додека сте зјапале во етикетите на производите и сте пресметувале колку од што смеете да изедете, се фрлени. Зошто? Затоа што не се сите калории исти. 500 калории од една шницла се многу подобри за вас од 500 калории од чоколада. Едниот е здрав и хранлив оброк, полн со есенцијални минерали, а другиот е чоколада.

7. Маслата од зеленчук и житарки се здрави

Безбедно е да се каже дека е се рафинирано, или нездраво обработено и да, тука мислиме на сите рафинирани масла и маргарини со кои сте ги подготвувале оброците. Подобро да користите полномасна опција. Свинската маст или вистинскиот маргарин секогаш ќе бидат подобри за вашето здравје од незаситените масти кои се наоѓаат во ,,здравите,, опции.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.