Марципан без шеќер
Многу лесен за подготовка, совршен начин да ја внесете потребната дневна количина на јаткасти плодови. Не содржи глутен.
Потребни состојки (+ -250 g марципан = 25 топчиња од марципан):
1 шолја / 150 гр бадеми
2/80 g белки од јајца
5 – 10 g Стевиа прав
Начин на подготовка:
Ставете ги бадемите во блендерот и миксајте неколку минути
Додадете ги белките во смесата и миксирајте околу половина минута
Ставете ја смесата во голем сад за мешање и додадете го Стевиа правот, околу 5-10 g
Промешајте ја смесата со блендер уште околу 2 минути се додека не стане поцврста.
Ставете ја смесата во пластична фолија и оставете ја да отстои во фрижидер уште најмалку 2 часа
Од оваа смеса можете да формирате околу 25 топчиња од марципан.
Можете да ги јадете марципан топчињата во оваа природна форма или пак да ги извалкате со какао или бадемов прав…
Нутритивни вредности (1 марципан топче):
Енергија: 38 kcal
Протеини: 1,5 g
Јаглехидрати: 0,6 g (шеќер 0 g)
Масти: 3,1 g (заситени 0,2 g)
Влакна: 0,6 g
Нутритивни вредности (100 g марципан):
Енергија: 381 kcal
Протеини: 15,3 g
Јаглехидрати: 6,5 g (шеќер 0 g)
Масти: 31 g (заситени 2,3 g)
Влакна: 6,4 g



