Во борбата со ,,изненадувањата,, од климатските промени трба да ги копираме Англичаните. Наместо традиционалниот ритуален чај, да се потсетиме на оние специфични, кои се вистинска помош во превентивата од настинки, а кои го закрепнуваат организмот и му ја зголемуваат отпорноста пред сите предизвици.

Секако, чаевите не можат во целост да ги заменат традиционалните фармацевтски средства, но го потпомагаат нивното дејство и делуваат благопријатно врз ефектите од лекувањето кога болеста ќе биде во замав. Затоа, препораката е да се пијат 2 – 4 филџани чај дневно за да се почувствува максимален лековит или превентивен ефект.

1. Кај надразнет желудник, проследен со вишок гасови во цревата, треба да се пие чај од коморач (го обложува желудникот, ги намалува гасовите и болките).

2. Кај болки во грлото предизвикани од настинка или грип, се препорачува чај од ѓумбир. Со оглед на тоа дека е преполн со корисни состојки, може да ги ублажи и симптомите на морска болест или проблемите со варењето.

3. За да се ублажат болни грчеви во матката за време на месечниот циклус, треба да се пие чај од камилица. Тој ги намалува грчевите на глатската мускулатура. Камилицата помага и кај несоница, иако валеријаната има посилно делување.

4. Кога сме емоционално напнати, чајот може да помогне, посебно ако од стресот реагира желудникот. Растението гота кола ја намалува напнатоста и ја балансира енергијата, а во комбинација со лимон ги намалува и стресот и вознемирнеоста.

5. Оние кои се подготвувале да направат големо чистење на организмот од натрупаните токсини, чајот од коренот на глуварче многу ќе помогне во тоа. Тој го чисти црниот дроб, ја надополнува загубената енергија потрошена за исфрлање на отровите. Се препорачува и чајот од клека, со додаток на црн пипер.

6. Кога настинката е проследена со непрекинато кивање, лимоновата трева (лат. Cymbopogon citrus) е одлично за тонизирачки облоги околу вратот. Како подршја, треба да се пие чај со додаток на екстракт на ехинацеја, која ќе му помогне на имунолошкиот систем да закрепне.

7. Еукалиптусот делува како антисмазмотик и антиспетик кај воспаленија на дишните патишта. За да се олеснат белите дробови и бронхиите, треба да се одбере чај кој во себе содржи канадски жолт корен.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина