Болката во грбот не е единствен симптом за сколиозата. Иако е најчест и најјасен, сепак постојат и некои други, наизглед неповрзани симптоми, на кои треба да се обрати посебно внимание ако откриете дека ги имате. Со оглед на тоа што искривениот рбет може да влијае на остатокот од вашето здравје, не ги игнорирајте овие симптоми.

 

Искривени пршлени

 

Доколку забележите дека пршлените ви излегле на едната страна, тоа сигурно дошло поради тоа што имате многу искривен рбет. Кога е присутна сколиозата, рбетната линија се поместува на страна. Главен знак за сколиозата е торзијата на пршлените, која настанува како резултат на ротација на рбетот, а сето ова резултира со појава на ребрена грпка. Меѓутоа деформацијата на пршлените може да се појави и сама по себе, а не како предзнак за сколиоза.

 

Нееднакви рамења

 

исправете го држењето и погледнете се во огледало, со цел да видите дали едното рамо е повисоко од другото. Поради страничната ротација на рбетот едното рамо и лопатката можат да бидат поизразени од другото. Во овој случај иако изгледа поисфрлено, лопатката сама по себе не е променета. Ваквата положба на рамењата може да биде суптилен предзнак за сколиоза, но лесно може да биде и последица од лошо држење.

 

Ѓонот на едната чевла е поизабен од другиот ѓон

 

Со оглед на тоа што кривиот рбет ја поместува карлицата, тоа може да доведе до нерамномерен од. Оваа промена на колковите, кои не се во иста рамнина, може да предизвика нерамномерно абење на ѓонот од едниот чевел во однос на другиот. Привидно повисоко поставениот колк е последица од ниско поставената деформација на рбетот, што резултира со искривена карлица.

 

Чувство на непријатност при движење

 

Со оглед на нарушувањето во одот, предизвикано од сколиозата, можеби ќе забележите дека додека одите движењата на рацете повеќе не се воедначени како порано. Тоа е последица од мускулниот дисбаланс, кој го оневозможува телото да се движи на правилен начин.

 

Хронична мускулна напнатост

 

Ако телото ви е малку искривено, тоа може да доведе до непријатни болки. За време на сколиозата може да се создаде мускулен дисбаланс околу рбетот, што предизвикува хронична мускулна напнатост.

 

Отежнато дишење

 

Сколиозата може да го ограничи ширењето на ребрата, па поради тоа оние кои често патат од неа имаат проблем со дишењето. Оштетувањето на дишните органи е последица од сколиозата од висок степен.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина