Дали антиперспирантите се добри дезодоранси?
Живееме во потрошувачко општество, а хигиенските потреби се нешто без што не се може. Така, општо познато е дека потењето е нормална физиолошка потреба, со него се исфрлаат повеќето штетни материи од организмот и така се чисти. Со потењето телото се лади и го штити организмот од прегревање. Поради тоа што со потењето излегуваат штетните материи, потта има непријатна миризба, која се влошува во комбинација со бактериите кои се наоѓаат на површина на кожата, посебно под пазувите, каде потењето е најсилно. Мирисот на пот најмногу зависи од нашите прехранбени и други животни навики, па од функционирањето на нашиот организам и од некои проблеми во него тоа може да се засили, што ни е едно од првите предупредувања дека нешто не е во ред со организмот.
Од се наведено, човек мора да се поти и да не го сопира потењето со разни препарати коишто го спречуваат, бидејќи поради тоа сите штетни материи остануваат во органимот и се манифестираат во облик на разни алергии, јазли и грутчиња под пазувите, на градите и т.н. Токму ракот на дојката е тесно поврзан со користењето штетни козметички производи кои содржат парабени (метил-парабен, етил-парабен, пропил-арабен, изобутил-парабен и E216), штетни метали (алуминиум, бакар, антимон, олово, арсенит, жива, бариум, никел, кадмиум, селенит, хром, коситар, кобалт и ванадат) и уште многу други. Овие хемикалии обично се користат во дезодорансите и антиперспирантите.
Дезодорансите и антиперспирантите се некои од примарните извори на парабените. Важно е да се знае дека, без оглед на тоа што нанесувате на кожата, може да биде апсорбирано во телото и потенцијално да предизвика сериозна штета со тек на време. Бројни истражувања го докажуваат тоа.
Затоа треба да се бира само сосема природна козметика, дезодоранси кои делуваат антибактериски и ги неутрализираат непријатните мириси, a не го спречуваат потењето и коишто не содржат конзерванси и парабени и материи штетни како алуминиумот.