5 животни тајни на долговечните луѓе
Професорот Карл Пилемер истражувајќи 1500 долговечни луѓе на старост од 70 години, па до оние постари и од 100 години, а за потребите на неговата книга ,,30 лекции за животот: Испробани и проживејани совети за најмудрите Американци,, открил и пет едноставни тајни на долговечните луѓе.
1. Запомнете како е животот е кус
Професорот Пилемер истражувањето го започнал со едноставно прашање: ‘Кои се најважните лекции ги имате научено во текот на животот?” испитаниците се занимавале со разни работи во животот, имале различни имотни и семејни статус. Но, тие дале едноставен одговор – Животот е краток.
2. Кариера?
Работете ја работата која ја сакате
Многу д неговите испитаници минале низ многу тешки економски времиња, па сепак не им советувале на младите да се држат до сигурни добро платени работни места. Нивниот совет е – работете го она во кое уживате.
3. Здравствени навики?
Однесувај се кон своето тело како да ќе го имате во следните 100 години’
Модерната технологија, нздравиот и стресен начин на живот не мора да значи дека поради тоа ќе умреме побрзо, туку се намалува квалитетот на животот. И, наместо совет од типот ,,јадете повеќе зеленчук, не пушете, одете рано на спиење,, учесниците во ова истражување на прашањето околу грижата за здравјето, воглавно го повторувале истиот одговор – ‘однесувајте се кон своето тело како да ќе го имате во следните 100 години’.
4. За што жалите најмногу?
Бесмислено е да жалите за минатото’
Испитаниците малку го изненадиле професорот Пилемер и со одговорот на прашањето за што најмногу жалуте во животот? Иако очекувал приказни како брачни афери, разни зависности, матни работи и слично, тој добил сосема друг одговор – ‘Жалам што сум потрошил/а толку многу време на грижа на совеста и загриженост.’
5. Среќа?
Немојте среќата да ви биде случајна – бидете среќни и покрај тешките времиња
Истражувањето открило и колку е важно да се сфати дека сами сме одговорни за сопствената среќа. Иако звучи како клише, професорот Пилемер вели дека поентата е во тоа што неговите испитаници навистина го проживејале тоа. И ги советуваат младите луѓе, ки на некој начин го ставаат својот живот ,,на чекање,,, планирајќи како ќе бидат среќни еден ден ‘кога ќе завршат факултет, кога ќе имаат семејство, кога ќе се вработат, кога ова, кога она…’ едноставно да уживаат во сегашноста, и покрај тешките времиња.