Без разлика дали сте работеле во градината и сте сосема испотени или пак сте изеле хамбургер со кромид, и во двата случаи вие ќе бидете оние кои ја замирисуваат просторијата. Во повеќето случаи едно туширање, антиперспирантен дезодоранс или паста за заби со вкус на ментол можат да бидат лек за овие миризби. Но, во сите други случаи, тоа не е толку лесно. Тоа е затоа што вашата телесна миризба зборува всушност за вашето здравје. Всушност, некои болести можат да доведат до единствени, распознатливи миризби, вели една шведска студија.

Ова се петте најчести телесни миризби кои можат да бидат сигнал за сериозно заболување, како и што треба да направите ако миризбата се засилува.

 

ТЕЛЕСЕН МИРИС: ОВОШЕН МИРИС Е СИМПТОМ ЗА ДИЈАБЕТЕС

 

Станува збор за компликација кај дијабетес. Наречена е дијабетска кетоацидоза (DKA), до која доаѓа кога на телото му снемува инсулин, а нивото на шеќер во крвта расте, вели Роберт Габај, шеф на катедрата при Joslin Diabetes Center во Бостон, САД. Оние кои имаат тип1 дијабетес многу повеќе го искусуваат од оние кои се со тип2 на дијабетес.

Еве што се случува притоа: Телото не може да ја создаде енергијата која му е потребна за да функционира соодветно, па почнува како гориво да ги користи масните киселини. Ова доведува до градење во телото на кисели хемикалии нарешени кетони. Една од главните од ове киселини е ацетонот (истиот оној што се наоѓа во остранувачите на лак од ноктите) – и тој може да остави овошен мирис во здивот, вели Габај.

Ефектите од DKA можат да бидат сериозни, дури и смртоносни. Може да повраќате и да уринирате почесто, доведувајќи до тоа телото да ги загуби течностите до опасно ниво.

Најчесто DKA се јавува си други симптоми за дијабетес, како што се замор, замаглен вид и необјасниво губење на килограмите.

Треба веднаш да се јавите на доктор за да направите тест на крвта за присуство на кетони. Потоа докторот ќе треба да ви ги надоплни загубените течности и да ви ги врати нивотоа на шеќер на нормално ниво со инсулинска терапија.

ТЕЛЕСЕН МИРИС: СМРДЛИВИТЕ НОЗЕ СЕ СИМПТОМ ЗА АТЛЕТСКО СТАПАЛО

 

Не можете да се изборите со смрдливите патики? Виновник за тоа може да буде габична инфекција. Ако забележите дека имате сува кожа која се лупи и плускавци и црвенило околу прстите на нозете, можно е да имате атлетско стапало, вели Американската асоцијација на педијатри (APMA).

Нозете можат исто така и да испуштаат силна миризба, која е предизвикана од комбинацијата на бактерии и габи кои се намножуваат на кожата помеѓу ножните прсти. Па, доколку ги чешате стапалата и потоа се допирате по другите делови од телото, можете габите да ги пренесете на нив, како што се препоните и пазувите. Тоа потенцијално може да предизвика миризба да се развие и на тие делови исто така.

Ако го негирате атлетското стапало, кожата помеѓу ножните прсти омекнува и станува влажна, станувајќи уште подостапна за влез на бактерии. Од тука може да се добијат покомплицираи состојби како што е целулитис – воспаление на мекото ткиво.

Најдобра заштита против атлетското стапало да се внимава какви обувки се облекуваат. Габите се размножуваат на влажни места, па доколку многу ви се потта нозете, користете талк. А доколку веќе постои атлетското стапало како состојба, тука помагаат антигабичните спрејови, како што се Лотримин или Тинацтин.

ТЕЛЕСЕН МИРИС: МИРИЗЛИВИОТ ИЗМЕТ Е СИМПТОМ ЗА НЕТОЛЕРАНЦИЈА НА ЛАКТОЗА

 

Кога тенкото црево не го произведува доволно ензимот лактаза, тоа не може да ја вари лактозата, шеќер кој го има во млечните производи, вели Рајан Унгаро, асистент професор по гастроентерологија во болницата Маунт Синај во Њујорк.

Поради тоа тенкото црево ја насочува лактозата директно во дебелото црево наместо во крвотокот каде стомачните бактерии ги ферментираат. Ова може да предизвика силна непријатна миризба, подуеност и гасови.

Нетолеранцијата на лактоза е прилично честа појава: Всушност, 65% од луѓето имаат проблеми со варењето на млечните производи. Но, реакцијата – вклучувајќи стомани болни грчеви, дијареја и повраќање, како и присуство на миризливи гасови и измет – може да варира од човек до човек. Сепак, кај поголемиот дел од луѓето само 12 грама лактоза, на пример од млеко или сладолед, можат да ги поттикнат овие непријатни симптоми.

Доколку се соочувате со овој проблем, посетете доктор, кој може да постави дијагноза дали се работи за Кронова болест. Потоа тој може да ви помогне да одредите колку лактоза можете да консумирате дневно, без да предизвикате проблем. Можете исто така да користите и пилули Лактаид, кои во себе го содржат ензимот лактаза и кои ќе ви овозможат да ги варите млечните производи за 45 минути, ако веќе не можете без омилениот сладолед.

 

ТЕЛЕСЕН МИРИС: СИЛНА МИРИЗБА НА УРИНА Е СИМПТОМ ЗА ИНФЕКЦИЈА НА УРИНАРНИОТ ТРАКТ

 

Инфекцијата за уринарна инфекција (UTIs) може да произведе силна, речиси на хемикалии слична миризба, вели Џејмин Брамбат, уролог од Orlando Health. Ова се случува кога бактери, најчесто Ешерихија коли, ќе навлезе во уринарниот тракт и во уретрата. Штом влезат, тие почнуваат да се размножуваат во мочниот меур, предизвикувајќи инфекција.

UTIs е почеста појава кај жените отколку кај мажите, бидејќи нивната уретра е покуса. Ако почувствувате дека урината ви мириса чудно, посетете го вашиот доктор, кој ќе ви ја тестира урината за да види за што се работи.
 

ТЕЛЕСЕН МИРИС: ЛОШИОТ ЗДИВ Е СИМПТОМ ЗА АПНЕА ПРИ СПИЕЊЕ

 

Ако утринскиот здив ви е постојано непријатен, дури и ако редовно ги миете забите – можеби се соочувате со недијагностицирана спијачка апнеа, нарушување кое предизвикува здивот спорадично да престанува и да започнува при спиење.

Спијачката апнеа може да води до пресилно рчење, терајќи ве да дишете на уста цела ноќ. Ова може премногу да ви ја исуши устата, што е честа причина за имањето лош здив.

Тоа им дозволува на бактериите повеќе да се размножуваат, а кога некои видови ќе се размножат, се формира сулфурен гас, кој на устата и дава мирис на расипаи јајца.

Ако ги исклучите другите причини за лош здив, а сепак се будите со него и патите од поспаност преку денот и рчење, закажете преглед н доктор. Многу е важно апнеата да се дијагностицира на време. Поспаноста се поврзува со дијабетес, висок крвен приисок и болести на срцето, така што што побрзото лекување може да ве спаси од овие долготрајни ефекти врз здравјето.

Доколку ви биде дијагностицирано, докторот ќе ви даде да носите маска на носот и устата, којашто помага дишните патишта да ви бидат проодни додека спиете.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина