Во последно време, природната козметика стана многу популарна. Истражувањата покажале дека козметичките производи често соддржат хемикалии кои можат да му наштетат на здравјето, па затоа е подобро козметичките производи кои ги користите да бидат сосема природни.

 

Можете и сами ди ги правоте. Повеќето од нив ги имате во кујната, како што се шеќерот, маслото, палентата и јогуртот. Зобените снегулки се одлични за оние кои имат проблеми со акните, бидејќи ги отстрануваат мртвите клетки од кожата и го поттикнуваат природниот процес на регенерација на кожата.

 

 

Колаген во прав

 

По 20-та година од животот процесот на настанување на колагенот во телото се забавува, што влијае на лошата структура на косата, ноктите и кожата. Колагенот во прав е извор на белковини. Тој ја подобрува структурата и изгледот на косата, нејзината дебелина и ја подобрува цврстината на ноктите. Препорачаната доза е 10 милиграми. За најдобри резултати треба да се консумира со какао, млеко, јогурт, вода или друг напиток. Така побрзо ќе се апсорбира во телото.

 

 

Користете крема за заштита од сонце

 

Ова е најважниот чекор. Ако сакате кожата да ви биде младоликаи по 40-та година од животот, производите за сончање треба да почнат да се користат од 20-та година. Одлично е што бројни козметички препарати содржат во себе заштитен фактор.

 

Изложувањето незаштитени на сонце е водечка причина за појавата на брчки, но и за рак на кожата. УВ-зраците продираат и низ облаците и можат да направат непоправлива штета. Затоа задолжително користете крема со заштитен фактор најмалку 15.

 

 

 

Не се шминкајте постојано

 

Не се шминкајте често, зашто така ја оставате кожата да дише. Непрекинатото шминкање не е добро за кожата, а истражувањата покажале дека одморот од шминкање може да ја зголеми самодовербата. Нанесете лесна крема на лицето, која брзо се впива, и само малку сјај или руменило.

 

 

Внимавајте на исхраната

 

 

За чисто и младолико лице, важно е да се обрати внимание и на исхраната. Овошјето и зеленчукот се основа за здрава исхрана. Јадете го свежо, цедете сокови и подготвувајте ги со омилените зачини. Храна која кожата ја сака е и масната риба. Недостигот на железо и на витаминот Б12 може да доведе до бледило. Јаткастите плодови се одличен извор на витамин Е, кој помага да се оддржи сопствената природна влажност, со цел кожата да биде мека и хидратизирана.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина