Подгответе ја кожата за летото во само 7 чекори
Користете лесен мејкап
За почеток, заборавете на разните светки и силна шминка. Сјајот на кожата треба да го вратите одвнатре, а не со камуфлирање. Тонирана крема, безбојна маскара и нежен сјај се доволни за совршен дневен мејкап.
Хидрирајте ја кожата
Промената на годишното време може да доведе до лупење на кожата, па дури и до појава на суви печати на неа. По туширањето задолжително користете квалитетно хидратантно млеко за тело ако сакате да изгледате свежи, здраво и одморно. Ако имате чувствителна кожа, користете производи за нега на детска кожа и на база на алое вера.
Скратете го времето поминато во када
Релаксирачката бања по напорниот работен ден звучи совршено. Меѓутоа, таа може дополнително да ја исуши кожата. Затоа долгото излежување во када заменете го со туширање со млака вода или комбинација на топла и студена вода. Тоа ќе ја поттикне циркулацијата на целиот организам, па така и на кожата, која ќе добие повеќе кислород. Благодарение на тоа, процесо на обновување на клетките ќе биде побрз.
Секогаш користете крема со заштитен фактор
Дури и во случај дено да е облачен! Всушност, 80% од штетните зраци се пробиваат низ облаците, така што задолжително мора овој производ да го имате со себе. Бирајте креми кои содржат витамин Ц, бидејќи тој дополнително го спречува оштетувањето на кожата.
Негувајте ги стапалата
За да можете без воздржување да го прошетате убавиот летен педикир во преубави сандали, мора да имате убави и негувани стапала. Навечер, пред спиење, опуштете ги уморните нозе во петнаесетминутна бања во која претходно ќе ставите малку морска сол и неколку капки етерично масло – еукалиптус, чајно дрво или лаванда. Секоја недела задолжително морате да ги ,,наградите,, стапалата со длабински пилинг.
Користете тоник и серум
Без разлика на тоа дали во текот на денот имате носено мејкап, влијанието на надворешните фактори е постојано присутен. Тоникот веднаш по чистењето ќе го нормализира PH нивото на вашата кожа, додека специјалната формула која содржи серум ќе има корисен ефект.
Пијте доволно вода
На крајот, не заборавете на количината вода која треба да се внесе во текот на денот, бидејќи, пред себе, убавината доаѓа одвнатре. Во текот на високите летни температури доаѓа до брза дехидрираност, па бројот од задолжителни осум чаши може слободно да се зголеми.